Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од оваа година изнесува 1,38%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Претставници на 15 најголеми тур - оператори од Северна Америка и Западна Европа што нудат пакети за т.н. авантуристички или активни форми на туризам, заедно со новинарски екипи на најпознатите светски медиуми специјализирани за туристички патувања, пристигнаа во Охрид.
Бројот на работници во индустријата во јули, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стопанската комора на Македонија и Македонско - руската стопанска комора денеска ќе информираат за состојбите и можностите за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација.
Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува променливо облачно и нестабилно со локални појави на пороен дожд и грмежи.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Тендерот ќе се однесува на регионот кој ги опфаќа Централна и Источна Македонија и предвидената инвестиција за него е околу 28 милиони евра и регионот во кој припаѓаат Западна Македонија и Пелагонија за кого инвестицијата би била 23 милиони евра.
Градежништвото, дрвната индустрија и земјоделството се само некои од секторите во кои турските бизнисмени од областа Испарта гледаат можност за соработка со деловни партнери од Македонија.
Пониски цени, нови пакети со комбинација на неколку спортски активности, како и можности за тим билдинг активности се само дел од новата понуда.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,35 до 8,01 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Во споредба со второто тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 1,6%, во железничкиот превоз за 2,4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 15,8%.
Поради високите цени на транспортот, кинеските компании се почесто се обидуваат да најдат нови начини за да бидат поблиску до нивните европски пазари, а Македонија сосема одговара за овозможување на тие услови.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2014 година во однос на јули 2013 година изнесува 105.9.
Оперативниот профит во вториот квартал на 2014 е подобрен во споредба со првиот квартал, пред се поради зголемениот волумен и маржа на домашниот пазар, како и пониски оперативни трошоци.
Чешкиот главен град Прага, денеска и утре е домаќин на Кинескиот инвестициски форум, организиран од страна на Мешаната чешко-кинеска трговска комора.
Меморандум за разбирање со Afrasia Development Corporation S.A., инвестициска компанија со седиште во Женева вчера потпиша Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните предели, каде наместа ќе достигнува брзина до 70 километри на час.
На граничниот премин Табановце за излез од државата возилата чекаат 20 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Бруто премија од 7,19 милијарди денари, зголемен број на продадени полиси, пораст на профитабилното работење, капиталот, активата и финансиските вложувања. Ова е билансот од работењето на осигурителните друштва минатата година.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавува дополнителна субвенција за пченицата.
Крајот на сезоната е задоволувачки и туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети, оцени заменик претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
Потенцијалните деловни партнери се од регионот Испарта, познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини.











