Собранието на пленарна седница вчера попладне го донесе ребалансот на Буџетот за 2014 година.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите можат да бидат и поизразени.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Ново акционерско друштво во државна сопственост Водостопанство на Република Македонија ќе се формира за да може успешно да се реализираат најавените инвестиции во водостопанството и да се обезбедат подобри услуги за земјоделците.
Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до јули оваа година, изнесува 1.416.089.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со завршувањето на летната сезона, менаџментот на спортскиот центар Борис Трајковски ја заокружи и втората сезона од работењето на Градскиот Аква Парк.
Компании од областа на градежниот сектор од Народна Република Кина и Република Македонија вчера имаа средба во Стопанската комора на Македонија.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани по претежно влажни коловози.
Граѓаните кои се опфатени со законот можат да се пријават во центрите за социјална работа и да поднесат барање за отпис на долговите.
Државниот завод за ревизија минатата година ревидирал приближно 130 милијарди денари јавни приходи и 63 милијарди денари јавни расходи.
Големиот интерес на инвеститорите за индустриската зона Раброво резултира со купување на сите 48 градежни парцели.
Евергрин Енерџи произведува камини од сопствен бренд, но и ултрамодерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд.
Унгарски компании од автомобилската индустрија, енергетиката, земјоделството, производството на земјоделски машини и опрема се запознаа со можностите за инвестирање и бизнис климата во Македонија.
Целта на овој проект е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 19 до 25 степени.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците. Внимателност е потребна и на патните правци Маврово - Дебар - Струга, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Повеќе од 25 туроператори од Северна Америка и Западна Европа заедно со шест новинари од популарни странски медиумски куќи денеска го посетија манастирскиот комплекс Трескавец.
Електронскиот систем за јавни набавки има нов дизајн на главната страница од апликацијата приспособена за приказ на десктоп, таблет и мобилни уреди.
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и посвежо со пад на дневната температура.
Забраните за движење на тешки товарни возила на сите државни патишта и во град Скопје се завршени заклучно со 31.08.2014 година.
Во рамки на одбележувањето на Денот на рударите од страна на Министерството за економија им беа доделени традиционалните признанија за најуспешните рудари и претпријатија, како уште една потврда на нивната професионалност, одговорност и постигнати резултати.
Министерството за финансии денеска исплати 440,4 милиони денари субвенции на 15.469 земјоделци по повеќе основи.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) продолжува да ја зајакнува соработката со компаниите и бизнис организациите од Република Турција.