Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.
Државниот завод за статистика информира дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.5.
Горивата на Макпетрол ги исполнуваат стандардите што ги бара Европската Унија и имаат континуиран квалитет што се обезбедува преку нивно постојано тестирање во сопствената лабораторија
Летното сметање на времето почнува на 30 март, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.
Целта е осознавање на потенцијалите и можностите за заеднички пристап и заемни активности на населението од локалните заедници кои имаат или би имале заемен интерес во учесто на развојни проекти.
Државниот завод за статистика информира дека прометот во трговијата на мало, во 2013 година, реално бележи пораст во групата Непрехранбени производи, освен горива.
Водени од потребата за соработка во полето на активен развој и промоција на заедничката туристичка понуда, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија и Националната Агенција за туризам на Албанија, потпишаа договор за меѓусебна соработка
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), трета година по ред го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на Саемот за туризам во Москва, Русија.
Државниот завод за статистика, според своите податоци информира дека индексот на индустриското производство во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 104.1.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Народната банка на Република Македонија донесе одлука за издавање ковани пари за колекционерски цели со ликот на Кирил и Методиј и со Лав од серијата хороскопски знаци.
Собранието на Македонски телеком денеска донесе одлука за исплата на дивиденда за 2013 година во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари. Бруто износот на дивидендата по акција е 31,49 денари.
Народна банка на Република Македонија го проширува опфатот на валутите за кои ќе се објавува курсот на денарот со додавање нови валути чии курсеви се објавени на веб страницата на Европската централна банка.
Објектите на Дени Шпед, Гама Инвест и Рио Кафе во општина Илинден утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.
Сивата економија и недостигот на млад квалификуван кадар се уште се најголемите проблеми на македонските занаетчии. Голем број работат на црно
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси заедно со меѓународната услужна компанија Еколог основаaт Фонд за поддршка на жени и млади во претприемништвото.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне, кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Со летниот ред на летање што треба да стапи во сила во недела на полноќ на 30 март, Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) одобри 141 летови неделно, за 16 повеќе во однос на летната сезона во 2013, изјави директорот на АЦВ, Дејан Мојсовски.
Очекуваме продолжување на позитивниот тренд на пораст на нашата економија што за 2013 година изнесуваше 3,1%. Нашите проценки за оваа година засега се дека растот ќе биде зголемен и ќе изнесува околу 3,7%.
Контролите на квалитетот на водата спроведени на почетокот на овој месец покажуваат дека квалитетот на водата во Охридското езеро е од прва односно втора класа, што е во рамките на дозволените стандарди.