Сервисни

Двете страни високо ги ценат можностите кои ги дава ЕК за зајакнување на партнерството преку програмите за територијална соработка, насочени кон посилен и одржлив економски и социјален развој на регионите, на тој начин стимулирајќи го нивниот потенцијал
Болницата во Струмица, Одделението за нервни болести во Штип и Центарот за деца со посебни потреби од Штип, денеска ќе добијат донација од кабелскиот оператор Телебел.
Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции на 5.501 земјоделец за одгледување градинарски култури.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори денеска во Скопје организираат тркалезна маса на тема Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност во Република Македонија?
Министерството за финансии исплати 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци на 1.054 земјоделци.
Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 до 20 степени.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
ЕБОР денеска во Битола ја промовираше новата програма за проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија за Западен Балкан, наменет за јавниот и приватниот сектор.
Во првата половина на март оваа година ќе започнат обуките за полагање на стручен испит за енергетски контролори, што ќе ги организира Здружението МАЦЕФ - Скопје.
Над 300 лица до 29-годишна возраст со најмалку средно образование ќе бидат опфатени со Програмата за практиканство. Годишно се вклучуваат меѓу 80 и 150 компании, а се очекува да се спроведува и во странските компании кои инвестираа во фабрики во земјава.
Невладината организација Урбано општество во соработка со ОУ Лазо Ангеловски и Министерството за труд и социјална политика, од вчера, почна со реализација на голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки.
Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организираат меѓународна конференција на тема Арбитража во ЦЕФТА- регионот во насока на унапредување на економскиот развој.
Бизнисмени и градоначалници од Македонија и Бугарија денеска во Крива Паланка ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на пограничната соработка и заедничките проекти со средства од ЕУ фондовите.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална умерена облачност. Ќе дува слаб југозападен ветер.
Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде од 18.02.2014 до 12.03.2014.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,9%, а кај аутпутот е зголемен за 9,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 14%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6%.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Софија во периодот од 13-ти до 15-ти февруари.
Општините Гевгелија и Богданци ги прават завршните подготовки за едногодишниот проект што започнува во март за редуцирање на испуштањето неразградливи органски загадувачи и намалување на пластичната амбалажа со рециклирање.
Целта на меморандумот е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и Ведел ИТ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства
Агенцијата за катастар на недвижности го пушти во употреба новиот ГИС портал, преку кој ќе ги објавува и споделува просторните информации со кои располага.
Република Македонија од 13 до 15 февруари 2014 година беше претставена на саемот за туризам Bit 2014 во Милано, Италија.