Намалена видливост поради магла до 30 метри има на Попова Шапка и до 100 метри во Гостивар.
Градежната компанија Адинг АД Скопје доби А-дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Пролонгирање на имплементацијата на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински помагала побара Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки при Сојузот на стопански комори.
По рестартирањето на рудникот Саса во 2009 година, се случија неколку несреќи во кои осум рудари ги загубија животите.
Државниот завод за статистика ги соопшти податоците за трговијата на мало, во ноември 2013 година, во споредба со ноември 2012 година.
Зелена недела, најголемиот меѓународен саем за храна, земјоделство и хортикултура, започнува денеска во Берлин, а ќе трае се до 26 јануари 2014 година.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има долж котлините и речните долини.
Цел ни е и приватните трансфери од странство во државава да се конвертираат во конкретни инвестиции, со што ќе се отворат повеќе работни места. Ова денеска во Тетово го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на конференцијата Дијаспора Инвест
Комесарот за регионална политика, Јоханес Хан, денеска на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, му соопшти дека Европската комисија преку канцеларијата за регионална политика ја вклучи Република Македонија во најновиот Балканско-Медитерански макро-проект вреден 28 милиони евра.
Заменик амбасадорот Вернхаен посочи дека амбасадата на Холандија директно ќе го поддржи процесот на привлекување на инвестиции во овој регион.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот со саемот во Утрехт ја започна сезоната на интернацоналните саеми за туризам кои оваа година ќе бидат 16 на број, на кои ќе ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.
Аеродромскиот сообраќај од Скопје е нормализиран. Досега реализирани се слетувања од Виена, а се очекува да слета и авионот од Дубаи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2013 година изнесува 34.113, а бројот на ноќевањата изнесува 79.025.
Во ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 4,0% на годишно ниво
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно. Дневната температура ќе се искачи до 13 степени.
Буџетот за научно-истражувачка дејност за 2014 година е 108 милиони денари и е 18 милиони денари поголем во однос на минатата година
Во ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,4% на месечно ниво и за 3,3% на годишно ниво
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5%, а кај аутпутот е зголемен за 9,5%.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2013, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 14,8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,4%.
Најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во декември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај црвените домати и зелените пиперки.
Македонската Влада планира наскоро да предложи две законски измени со кои ќе се реши статусот на професионалните војници по завршување на службата, како и на лицата кои останале невработени во компании во доминантна државна сопственост.
Во планинарскиот дом Даре Џамбаз, на врвот на планината Водно, денеска на пладне ќе се одржи промоцијата на публикацијата за здравствените ефекти од цврстите честички.
Новини при вршењето на инспекцискиот надзор поврзан со царинските постапки е темата на која денеска во Штип ќе се одржи работилница.