Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Стопанската комора на Македонија го поздравува повлекувањето на Предлог законот за прекршоци од собраниска процедура, кој предвидуваше високи казни за компаниите.
Министерството за економија денес ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис-планови во рамки на проектот Организирање натпревар за започнување бизнис.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно ниво, а пониски за 1,3% на годишно ниво.
Во утринските часови ќе има појава на слаба магла по котлините, а попладне кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, особено во северниот дел на земјата.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Пред руралните жени од Полог ќе биде презентирана главната можност за вработување, собирањето на диви билки, шумски плодови и печурки, растенија кои се во изобилие присутни во планините и шумите на Полог.
Mинистрите за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација Љупчо Димовски и Николај Фјодоров вчера во Москва одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции кои се однесуваат за полјоделство, сточарство и аквакултура, односно рибниот фонд, ќе биде продолжен до 20-ти октомври годинава.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Albafone, четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, соопшти дека во петок официјално стартува со работа.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе гради нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.
Очекувањата на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) за економскиот раст од почетокот на годината се истиот да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9%, колку што изнесуваше во вториот квартал.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд во западните делови.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.
Фондацијата Тиквешки вински пат во соработка со Министерството за економија и Кластерот за туризам го спроведува проектот Науката и праксата - пат кон успехот.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе отпатува во дводневна работна посета на Турција каде ќе оствари средби со стопанственици – потенцијални инвеститори од оваа земја.
Во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата Аналитика, денес во Скопје ќе се одржи конференција на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот
На настанот ќе земат учество 50 успешни компании, институции и организации кои ќе имаат можност директно да се претстават пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети/факултети, како и од средните училишта.
Во Скопје променливо облачно со слаб локален дожд, особено претпладне. Температурата ќе се искачи до 17 степени.
Градежните работи на патниот правец А1, Велес - Гевгелија, делница Удово - Смоквица (во близина на натпатник Милетково) се завршени.
Министерството за труд и социјална политика, МАПАС и двете пензиски друштва со поддршка на Министерството за образование и наука ќе вршат обуки на студенти и ученици од завршните години, од 75 средни училишта.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а во однос на септември 2012 изнесува 101.6.