Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на Кавадарци истакна дека досега нема пријави за проблеми при откупот на грозјето, ниту од производителите ниту, пак, од преработувачите на грозје.
Охридска банка ги дислоцираше своите простории во Штип на атрактивна локација во градот, информираат од банката.
На северната хемисфера на Земјата, во недела на 22 септември, во 22:44 часот календарски започнува есента. Истовремено на јужната полутопка доаѓа пролетта.
ДТУ Подравка ДООЕЛ информира дека во Македонија нема производ Ева сардина со магдонос и лук кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар.
Според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, Балканските метрополи доминираат на врвот на европската табела.
Генералниот директор на АД Електрани на Македонија, Дејан Бошковски во обраќањето пред учесниците на балканскиот конгрес од областа на рударството Балканмајн 2013, изјави дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијалните резерви на јаглен.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени.
На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово, денес 20.09.2013 г. ќе започнат интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.
Граѓаните и фирмите од денес ќе може преку СМС или електронска пошта од државни институции да добиваат информации за истекување на рокот на важноста на лиценци, за изготвени дозволи за работа и известувања за јавни повици за ИПАРД програмата.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, што ќе се одржи во Вилнус, Литванија, како подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.
Претставници на 23 компании од Стопанската комора на Бергама, Турција денес на бизнис форум ќе остварат директни средби со македонски стопанственици.
Во хотелот Континентал со почеток во 11 часот ќе се одржи настан за официјално започнување на двата проекти финансирани од Европската Унија во областа на Интегрирана тарифна околина.
Попладне во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд во вечерните часови. Доцна попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Дефилето ќе се одвива по улиците во Скопје од плоштадот Пела до бината Школка во Градскиот парк. За време на дефилето од 11 до 12 часот по рутата ќе биде забранет сообраќај на моторни возила.
Скопје сити тауер денес за прв пат ги отвори вратите за медиумите. Беше презентиран современиот, европски тип на резиденцијални објекти, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.
Во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија денес беше одржана дебатата за Усогласеност на Законите со подзконската регулатива во делот на правилници, проекти-елаборати, овластувања или лиценци и надлежност.
За време на трговската блокада од Косово македонските компании мудро одиграле и затоа штетите се минимални.
Во организација на невладината организација Македонија 2025, годинава по втор пат, од 8 до 10 октомври во Охрид, ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит за Македонија.
Фокусот на традиционалното обраќање на премиерот Никола Груевски пред домашните стопанственици ќе биде извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што ќе бидат опфатени другите актуелни економски теми.
Во село Чешиново вчера беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 21 до 27 степени.
Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација.
Во второто тримесечје од оваа година стапката на невработеност се намали на 28,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во трговијата на мало во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано намалување.