Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб северен, а во западните делови умерен западен ветер.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража и истиот не се задржува на коловозот.
Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд којшто локално ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 10 до 17 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе ја зафати Македонија во текот на денешниот ден и утре. Доцна попладне и во вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни со грмежи и засилен ветер.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во јужните и источните делови.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Во Скопје времето ќе биде сончево и ветровито, со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе има засилен до силен интензитет и не е исклучено да достигне брзина и над 80 километри на час.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне особено во јужните и источните делови, каде локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на метар квадратен.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа суви коловози. Појава на магла има на Попова Шапка со видливост до 100 метри.
Во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне во јужните и источните делови од државата, каде локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на метар квадратен.
На северната полутопка на Земјата денеска во 12 часот и две минути календарски почнува пролетта.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од 13 до 19 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по претежно суви коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на повисоките и осојничавите места.
Преодно разведрување со повисоки дневни температури ќе има во среда, а во четврток се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, локално над 10 литри на метар квадратен.
Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража кој не се задржува на коловозот.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно, а околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен слаб дожд и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на планинскиот превој Буково, но не се задржува на коловозот.
Во Македонија во попладневните и вечерните часови ќе има услови за појави на локална нестабилност и локален пороен дожд, хидролошката состојба е лабилна и се следат критичните брани.
Локално ќе има појава на невреме со поројни врнежи, грмежи и услови за изолирана појава на град. Ќе дува засилен, повремено и силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.