Во првиот квартал на 2017 година, банкарскиот сектор ја намали кредитната поддршка на приватниот сектор. Кредитите на банкарскиот сектор забележаа пад од 0,8% наспроти растот од 2,7% во четвртиот квартал
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2017 година е за 0,4 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2016 година е зголемен за 2,1 процентен поен.
Во април 2017 година се издадени 259 одобренија за градење, што е за 13,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Бројот на туристите во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 18,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18,6%.
Во среда и четврток настапите на музичарите ќе почнуваат од 20 часот и ќе траат до полноќ. Во петок, сабота и во недела ќе почнуваат од 21 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ. Влезот на Вино фест е слободен.
Aктивното население во Република Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени.
Динамиката на секојдневието ја избегнаа илјадници посетители на Капитол мол кои конечно посветија време за себе благодарение на Дерма Фест, кој започна во четврток, 08.06.2017, ќе трае до недела, 11.06.2017 и е прв настан од ваков карактер некогаш организиран во Македонија.
СТЕМ академија започнува со воведување на светски признатите Microsoft едукативни платформи и програми за стекнување на СТЕМ вештини и знаење.
Членовите на Лајонс клуб Вардар, во присуство на актуелниот гувернер Слободан Вуќикевиќ, свечено го отворија Паркот на Лајонизмот во Македонија.
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0%.
Корисниците на Македонски Телеком сега имаат 4G пристап насекаде низ Македонија.
Најголем број бесправно изградени објекти (97,6%) се во приватна сопственост.
Овогодинешниот Challenge day ќе се одржи на 19 јуни во просториите на едукативниот центар со почеток во 16 часот.
Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,7%, додека цените на мало се повисоки за 0,6%.
На средбата се дискутираше за можностите асистентите од ФЕИТ да престојуваат на некој од француските универзитети, а се потенцираше и постоењето на стипендиите коишто им стојат на располагање на студентите.
Во Капитол мол од четврток (08.06.2017) до недела (11.06.2017) со почеток од 11 до 21 часот на приземје и први кат се организира Дерма фест, прв настан во Македонија посветен на кожата.
Семос Едукација стартува менторски програми за студенти и невработени лица со цел стекнување на практични вештини кои се бараат најмногу на пазарот на трудот од областа на IT технологиите.
Во периодот од седми до 18 јуни, Magenta 1 M/L корисници на Македонски Телеком ќе добијат на подарок ексклузивен дрес на нашиот шампион Вардар.
Tрошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,5%, трошоците за материјали се повисоки за 3,2%, а трошоците за вработените се пониски за 5,3%.
Цените на угостителските услуги во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво.
Лајонс клубовите во Македонија организираат активности насочени кон подобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, гладните лица, заштита на локалните животни средини и на сите на кои им е потребна помош
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Источниот итн.
Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 28-ми јуни до 8-ми јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат, ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.
Светска банка (СБ) прогнозира економскиот раст оваа година да биде 2,7% како резултат на производството и трговијата, порастот на довербата на пазари и стабилизирање на цените на производите.











