Зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 2,9%, а реално за 4,3%).
Депозитите на домаќинствата ја задржаа улогата на поединечно најголем извор на финансирање на активностите на банкарскиот систем со учество од 49,7% во вкупната пасива.
На овие полигони најмладите учесници во сообраќајот ќе се запознаваат со основните сообраќајни правила и прописи и ќе учат како безбедно да се движат по сообраќајниците.
Во споредба со 2015 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 1,2%.
Во 2015 година, 2.515 деловни субјекти, т.е. 45,9% од деловните субјекти имаат организирано барем еден од видовите на континуирана професионална обука.
Балкан енерџи груп (БЕГ) годинашната грејна сезона ќе ја заврши со нови 2.300 потрошувачи, од кои речиси половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот.
Стапката на инфлација се очекува да биде 0% во следниот 12-месечен период, покажуваат податоците од Анкетата за инфлациските очекувања на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Преку унапредување на соработката меѓу преработувачките компании и дизајн секторот ќе се зголеми конкурентноста на македонските производи на домашниот и на странските пазари.
Вкупната потрошувача по видови енергенти, во февруари оваа година во Македонија изнесува: 715.195 МWh електрична енергија, 37.992 мил. нм3 природен гас, 519 411 тони јаглен и 68.691 тони нафтени продукти.
Оваа новина важи за летовите на редовните авиопревозници: Turkish Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Austrian Airlines и Air Serbia.
Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен старт - ап и иновациски еко систем.
На настанот се собираа средства од кои дел ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11 Октомври.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 23 јуни 2017 година.
Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид.
Вкупните кредити во март остварија месечно зголемување од 1,2%, при месечен кредитен раст кај двата сектора, малку поизразен кај секторот домаќинства.
На конференцијата во Охрид учествуваат и гости од странство, претставници од берзите и пазарите на капитал од државите од регионот, како и претставници на финансиските сектори од Шведска и Швајцарија.
Средношколците ќе може да ги погледат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде се одржува наставата.
Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF, денеска од 17 часот во близина на Универзална сала, ќе готват за бездомници и ќе го прослават вториот роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.
Претставници на околу 20 фирми од Измирската трговска комора од ИКТ и здравствени кластери денеска на бизнис форум и средби со македонски компании.
Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2016 година изнесува 376 килограми по жител што е за 1,1 % помалку отколку во 2015 година.
Студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ како организатори на саемот Контакт имаат за цел да им овозможат на студентите директна комуникација со претставници од компаниите.
Дел од Пикникот ќе бидат претставници на општествено одговорни компании, а заедно со нив дрвца ќе засадат и претставници на граѓанскиот и на јавниот сектор.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2017 година е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на март 2016 година е зголемен за 3,3 процентни поени.
Групата која учествуваше од Балканот вклучуваше две компании од растечката македонска прехранбена индустрија.