Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември лани, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември минатата година се издадени се 363 одобренија за градење, што е за 14,2% повеќе во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со овој меморандум се очекува да се зацврсти соработката помеѓу двете институции во областа на финансиската едукација, со што ќе се придонесе кон зголемување на свеста кај учениците и кон јакнење на нивните финансиски знаења.
Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Податоците за кредитниот пазар во декември се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор.
Вкупно 1.794.376 патници во 2016 година патувале преку двата македонски аеродрома, Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, што е 15% повеќе во однос на 2015-та.
Во просториите на Јавна Соба, утре од 17 до 18 часот, ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама, што ќе бидат привремени засолништа за сите бездомни животни. Потоа, планирано е поставување на изработените куќарки на различни локации низ градот.
Во 2016 година, во однос на 2015 година, трошоците на животот и цените на мало бележат намалување од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Доколку граѓаните забележат лице од ризик од студено време како бездомник или деца на улица, истото да го пријават на бесплатниот телефон 15 505.
Ликвидноста на банките во ноември забележа месечен пад, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури, но при појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид АХВ дава повеќе препораки.
Цените на угостителските услуги во декември 2016-та година, во однос претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени до денеска, а просечната цена е 192,08 денари по килограм.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до ноември минатата година, достигна 1.583.744.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Персонализираната електронска картичка чини 200, а неперсонализираната електронска картичка со вклучени пет гратис возења чини 150 денари. Овие картички може да се надополнат со минимум 100 и максимум 6.000 денари.
Вкупната потрошувачка на енергија во 2017 година ќе порасне за 2,3%, а потрошувачката на електрична енергија ќе зависи од работата на индустриските капацитети кои учествуваат со 20% во вкупната потрошувачка.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, забележано е зголемување на прометот во неколку групи.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар во ноември оваа година, во однос на претходниот месец се пониски за 0,7%, додека во однос на истиот период лани намалувањето е за 0,8%.
Капитол мол со детски радости ја затвора 2016-та година и ќе продолжи да ја негува семејната атмосфера и забавниот шопинг и во новата 2017 година.
Од денеска започнува новата наградна игра Повеќе време заедно, која се однесува за сите нови и постојните Magenta 1 корисници, коишто ќе склучат договор најдоцна до 08.01.2017 година. Наградите ќе се извлечат на 09.01.2017 година, при што 50 корисници ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство.
По повод новогодишните и божикните празници, филијалите на Стопанска банка АД Скопје нема да работат на 02.01.2017 (понеделник), на 06.01.2017 (петок) и 07.01.2017 (сабота).
Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намалена за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.