Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) ги известува студентите и возрасната група граѓани (над 62 години за жени, односно 64 години за мажи) дека задолжително треба да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година до 31.12.2016 година.
На македонскиот поштенски пазар најмногу рекламации лани се поднесени за изгубени поштенски пратки, а поголемиот дел од позитивно решените се за препорачани пратки.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти во октомври изнесува: 640.641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344.347 тони јаглен и 103.179 тони нафтени продукти.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%.
Адвокатите, нотарите, извршителите, геодетите и општините отсега имаат можност во електронските барања што ги поднесуваат до Катастарот доколку направат грешка да ја исправат во рок од 24 часа.
Два виртуелни мобилни оператора имаат намера да влезат на македонскиот пазар во 2017 година. Едниот од нив, познат во светски рамки, веќе ја потврди својата одлука.
Целта на меморандумот е да се зголеми соработката во зимскиот туризам меѓу двете земји.
Кај потрошувачките и станбените кредити одобрени на физички лица во текот на ноември е остварен месечен раст од 1% и 0,9% соодветно, при остварен идентичен годишен раст од 14,2%.
По повод 70 години од постоењето на Институцијата, на денешното Свечено Собрание, беше промовирана и монографијата Инженерство – мотивација – иновација.
Потрошувачите најчесто се жалат од неквалитетни производи, како бела техника, технички производи и производи во домот и сè повеќе доминираат јавните и финансиски услуги.
Фабрика Карпош денеска го посети СОС Детското село каде заедно со Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња, а дечињата организираа специјална предновогодишна приредба за нивните гости.
Седумнаесет македонски компании во изминативе четири години успеаја да ги намалат своите трошоци за енергија преку Проектот за индустриски менаџмент на УСАИД.
Граѓаните кои имаат долг по основ на користење на услугите на јавното претпријатие Водовод и Канализација, од први јануари, со воведување на вонсудската наплата на долговите, ќе имаат можност да го регулираат својот долг без дополнителни трошоци.
Турбините на двата значајни електроенергетски објекта во поголемиот период од годинава работеле под полн капацитет и до средината на овој месец произвеле 565 милиони киловат часови електрична енергија, што е поголемо производство од планираното.
Поддршка на микро, малите и средните претпријатија за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно - приватниот дијалог, е целта на новиот четиригодишен проект на коморите.
Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе и со тоа да донира за СОС Детско село. За таа намена е поставена и донациска кутија од СОС Детско село.
Вработените во Вип повторно ја покажаа својата хуманост и одлучија да ги збогатат новогодишната магија и празничното расположение за децата згрижени и поддржани од СОС Детско село и за децата без родителска грижа згрижени во Домот за деца 11 Октомври во Скопје.
Здравата исхрана, активниот начин на живеење, Сонцето и пробиотиците, се суштински предуслови за здраво и среќно детство, констатираа говорниците на женската трибина Хранете се здраво за детство среќно и убаво, организирана од хрватската фармацевтска компанија ПхармаС.
На 23-тата сесија на Клубот на истражувачи на Народна банка на Република Македонија беше презентиран трудот Комуникација на монетарната политика: резултати од анкетно истражување од авторот Неда Поповска - Камнар.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, на месечно ниво се повисоки за 0,3%, а се пониски за 0,3% на годишно ниво.
Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат над 2.000 деца од ранливи категории низ Македонија.
Приносите на пченка на хектарите наводнувани со капка-по-капка се двојно или дури и тројно поголеми, со просек од 13 т/ха во зрно и рекордни 17,5 т/ха (националниот просек е 4,2 т/ха).
Од 24-ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица Македонија во Скопје.
Дојде до постепено стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што доведе до позитивни движења на девизниот и смирување на случувањата на сите сегменти на депозитниот пазар.











