Граѓаните да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку да ги надополнуваат.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во декември, останаа непроменети на месечно ниво, а на годишно ниво се намалени за 0,6%.
Вкупно 17.600 тони тутун или речиси 90% од очекуваната реколта се преземени заклучно со 24 јануари, на половина од крајниот рок за откуп.
Јавното претпријатие Македонски шуми подготвува бизнис план за изградба на фабрика за пелети, што ќе биде во сопственост на претпријатието.
ЕБОР обезбеди три милиони евра кредит како дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во бизнисот, за финансирање мали и средни претпријатија управувани од жени.
Високите сметки од операторите на телекомуникацискиот пазар се најчесто пријавуван проблем во АЕК во текот на минатата година. По нив, следат приговорите за неквалитетна услуга, ненавремена услуга, прекин, роаминг и слично.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 695.934 МWh електрична енергија, 33.459 мил.нм3 природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.
Стручни тимови на Катастарот ќе бидат на располагање за консултации и одговори до петок, од девет до 17 часот.
Петнаесет илјади геодетски елаборати неопходни за комплетирање документација за легализација на дивоградби не се доставени до општините до истекот на законскиот рок на крајот на минатата година поради што Катастарот ќе побара продолжување на рокот.
Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле електронските услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
Целта на презентацијата на програмата Еразмус плус беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високообразовни и научни институции.
Кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 4,9%, наспроти намалувањето од 3,7% на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
По просечна цена од 193 денари за килограм, досега се откупени околу 14.000 тони тутун или две третини од ланската реколта којашто тежи 20.000 тони.
27 стандардизирани проекти за изградба на сточарски фарми, мандри и силоси и за подигнување на овошни и лозови насади со кои земјоделците ќе можат да аплицираат за средства од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој.
Во општина Карпош за закуп на метар квадратен станбен простор месечно во третиот квартал минатата година се плаќало по 320 денари, односно 93 денари повеќе во однос на третиот квартал 2015 година.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2016 година е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец.
Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот.
Во деновите што следат, посебен акцент е ставен на средби со читателите на младите и веќе докажани автори, Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.
Цената на кованата пара света Матрона Московска изнесува 3.800 денари.
Индексот на цените во земјоделството во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e зголемен за 1,7%, а кај аутпутот е намален за 2%.
Благ пад на цените на недвижностите, пред сè поради зголемената градежна активност, а значително намалената побарувачка на станови, очекува Агенцијата за катастар на недвижности во наредниот период.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од минатата година е намален за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Хидроелектраните Шпилје и Глобочица, што го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) Црн Дрим, минатата година произвеле 588 милиони киловат часови електрична енергија, што е поголемо производство од планираното.
Прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 11,9%.