ФД Монимакс Финансиско како современа компанија со високи професионални стандарди постојано нуди иновативни, брзи и едноставни решенија за задоволување на финансиските потреби на своите клиенти.
ММФ во 2009-та подели специјални права за влечење во износ од 250 милијарди долари на земјите членки за да им помогне да ги ублажат последиците од глобалната финансиска криза.
ECDC е европска агенција со седиште во Стокхолм, а нејзините ковид мапи се исто така индикатор за туристите дали е безбедно да се оди на некоја дестинација.
AMLA исто така треба да ги следи националните регулатори за да бидат сигурни дека тие си ја вршат својата работа.
Индексот на цените на млечните производи падна за 1,0 %, на 119,9 поени, при што сите млечни производи поевтинија, особено путерот поради наглото повлекување на глобалната побарувачка за увоз и благото зголемување на залихите, пред се во Европа.
Директорот на АППТ заклучува дека не можеме и не треба да им бидеме конкуренција на земјите кои имаат море, никогаш така не треба да размислуваме, ниту да се споредуваме со држави како Хрватска, Грција, Египет, Турција, не треба да ги копираме во понудите, туку треба да создадеме наша, оригинална приказна.
Увозот на чај во светот минатата година имаше вредност од 6,7 милијарди долари, што е за 5,5% помалку одошто во 2019 година.
Најбрзорастечки пазари се Азија, Латинска Америка, Африка и Блискиот исток, каде мобилните парични во голема мера ја заменуваат готовината и картичките најмногу поради попрактичното дигитално плаќање.
Компанијата во февруари оваа година издаде обврзници во вредност од милијарда евра и врати дел од државната помош што ја доби.
Македонија во текот на минатата година извезе млеко во вредност од 4.225.000 долари, што е за 41,3% повеќе од однос на последните пет години.
Трговците ги вознемири откажување на состанокот на производителите на којшто требало да стане збор за зголемување на производството од август до крајот на годината.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека ЕУ веќе размислува за оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирус сами да ги сносат трошоците за лекување.
Ова е првпат Комисијата да казнува картелско здружување базирано на технологија,а не на утврдување на цена или на поделба на пазарот.
Македонија е 27-ма земја во светот по извоз на вино, чија вредност минатата година достигна 51.576.000 долари, што е за 0,5% помалку во однос на 2019 година.
Меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија во Скопје од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе биде распишан во текот на август годинава, изјави градоначалникот Петре Шилегов
Најголем дел од тој износ или 14.547,96 денари отпаѓаат на храна и пијалаци.
Глобалниот недостиг на полуспроводници и микрочипови е само една од последиците кои ја зафатија автомобилската индустрија за време на ковид пандемијата.
Хрватската народна банка во средата ги предупреди инвеститорите во криптовалути дека овие средства во моментов имаат карактеристики на шпекулативни инвестиции, во кои ризикуваат да изгубат дел или целата своја инвестиција, без да уживаат никаква правна заштита.
Обидете се со овие чекори пред да инвестирате пари во идеја за да не излезе дека вашата идеја е само една од многуте што не се разликува, но и не “работи“ онака како што очекувавте.
Од земјите во регионот, најголем извозник на дијаманти е Грција со 1,3 милиони долари.
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има нова инвестиција. Овој пат тој отвори хотел во Њујорк.
Сооодветно внимание треба да им се посвети и на зголемувањето на транспарентноста во работењето и во објавувањето податоци за финансиските услуги од страна на приватниот финансиски сектор, вклучително и на стандардизацијата на објавените податоци за ист вид услуга.
Реновирана и со нова опрема, по долги години, специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид прераснува во современ центар за физикална терапија како единствена болница во Југозападниот плански регион, а во делот на ортопедијата и трауматологијата на ниво на целата држава
Попуштање на мерките ја поттикна подготвеноста за потрошувачка во Германија, но уште има рестрикции кога станува збор за патувања, пред сè за далечни дестинации, па поради тоа повеќе се штеди.










