Повеќето европски компании плаќаат и примамлива дивиденда. Нивните биланси се добри, и ова може да доведе до нов бран спојувања и превземања.
Прометот на Македонска берза во текот на мај оваа година достигна вредност од 472.874.001 денар, што е за 31,12% помалку во споредба со претходниот месец.
Со 198 трансакции и 14,88% учество во вкупниот промет, на второ место се акциите на Алкалоид, додека зад нив се оние на Макпетрол со 122 реализирани трансакции.
Европските берзи бележат нови рекордни нивоа денеска, поддржани од растот на акциите на енергетските компании и производителите на стоки наменети за потрошувачка, бидејќи силните економски податоци од САД и Европа го зголемија расположението за инвестиции.
Чистата добивка остварена во 2020 година, во износ од 15.245.682 денари се распоредува на: резерва за сигурност (законски дел) во износ од 5.081.894 денари и инвестиции во износ од 10.163.788 денари.
Од крајот на минатата година, индексот MSCI EMU составен од компании од еврозоната скокна за 13 %.
Поради комплетирање на составот на Одборот на директори,на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана Ивана Гажиќ.
Британските власти планираат да ги зголемат своите овластувања за регулација на Лондонската берза и да забранат котација на компании чии активности може да бидат закана за националната безбедност.
Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на суспендирање (26.05.2021 година) и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.
Компанијата е основана во 1990-та година од браќата Рикард и Бјорн Есте, а минатата година е докапитализирана со 200 милиони долари.
Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите на технолошкиот сектор вчера пораснаа најмногу, во просек повеќе од 2%.
Согласно предлог одлуката за исплата на дивиденда за 2020 година и утврдување на дивиденден календар, бруто износот на дивиденда по акција е 16,02 денари.
Согласно одлуката за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда, таа во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари.
Исплатата на дивиденда ќе се врши во законски предвидениот рок до 30-ти септември.
Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.
На европските берзи, пак, цените на акциите пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE зајакна 0,82 %, на 7.004 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна 0,20 %, на 15.150 поени, а парискиот CAC 0,19 %, на 6.279 поени.
Стопанска банка е банка со најголема пазарна капитализација во земјава, којашто на крајот на март оваа година достигна вредност од 20.812.534.560 денари.
Македонски Телеком на крајот на март оваа година имаше пазарна капитализација од 31.266.443.587 денари, што ја прави оваа компанија највредна во земјава.
Во период од први јануари до 31-ви март годинава, 64 од компаниите што котираат на берза, оствариле добивка, додека негативен финансиски резултат имаат 26...
Осум банки што котираат на Македонска берза, во периодот јануари - март оваа година, прикажаа добивка од 1.513.472.250 денари.
Истиот период лани кварталната добивка на компанијата изнесуваше 496.000 денари, што според Прегледот на финансиски податоци за котирани друштва на Македонска берза, е промена од 7.136,09%.
Тргувањето на главните крипто берзи се зголеми на 1,7 милијарди долари минатиот месец, од 1,2 милијарди долари во март. Зголемување на активноста има и кај одредени крипто деривати.
Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 28,8 милиони денари.
Највисока нето добивка во 2020 година имал секторот индустрија (4,809.38 милиони денари), додека една година претходно таа била на ниво од 3,248.22 милиони денари, што е пораст од 48,06%.











