Најновиот модел на престижната серија на паметни телефони Nexus 4 сега е достапен и на македонскиот пазар. Ова денес го објави операторот Vip, во соработка со LG Electronics и Google.
Компанијата Балкан енерџи, од Регулаторната комисија за енергетика бара да ја намали цената на парното и тоа да грее до 23:30 часот.
Осум софтверски компании од Македонија ќе понудат можности за соработка со германски ИТ компании на билатерални бизнис средби, што ќе се одржат денес и утре во Дизелдорф, Германија.
Фабриката за машини и компоненти 14 oктомври од Крушевац, ќе ја обнови деловната соработка со некогашниот стратешки партнер, јавното претпријатие Македонски шуми.
Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при македонското Собрание, а во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија, денес ќе се одржи јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнење на жените.
Fitch Ratings, меѓународната рејтинг агенција и годинава го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка ББ+.
На 930 лица ќе им биде дадена можност со државна помош да отпочнат сопствен бизнис. Ова е дел од Програмата за самовработување, за која Агенцијата за вработување денес објави оглас.
Пред зградата на Општина Аеродром, Управата за јавни приходи денес постави мобилни даночни шалтери.
Тема на денешните разговори на делегацијата на Стопанската комора на Македонија со претставници на Стопанската комора на Азербејџан беа Можностите за настап на македонски компании на азербејџанскиот пазар.
Годинава министерството за економија ќе обезбеди дополнителни шест милиони денари за субвенции, за корисниците кои ќе вградат соларни колекторски системи во домаќинствата.
Туристичките можности и капацитети на Република Македонија беа преставени на саемот за туризам во Брисел, Белгија, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), каде многу белгиски тур-оператори покажаа интерес.
Во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Италија, Стопанската комора на Македонија денес организира билатерални бизнис средби на македонски и италијански компании.
Почнувајќи од денес ЕВН Македонија ќе управува со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол.
На престижниот меѓународен натпревар во Пекињон, Франција, што се одржа на 24 јануари годинава, виното Grenache Blanc на винарската визба Тиквеш од Кавадарци доби златен медал, додека виното Бела Вода се закити со два сребрени медалa.
Со финансиска поддршка од милион евра, преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, Владата на Република Македонија ќе поддржи отворање на 2.000 работни места.
Со отворањето на бесплатната анонимна телефонска линија 0800-50030, граѓаните од денес ќе можат да пријават мито и корупција во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ планира во најстрогиот центар на Белград да отвори хотел од висока категорија, пишува на интернет страната на Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера одржа работна средба со земјоделците од охридските села Горно и Долно Лакочереј и Мешеишта.
Според НБРМ најновата проекција за растот на македонската економија годинава е 2,2%.
На дводневната конференција за развој на социјалното претпремништво, учесниците разговараа на теми како да се мотивира и забрза развојот на таквиот тип претприемништво во Македонија.
Од сега граѓаните ќе можат да поднесат приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за услугите од операторите и по електронски пат на веб страницата www.komuniciraj.mk.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски информираше дека повеќе од 10.000 невработени лица, за еден месец, се пререгистрирале во Агенцијата за вработување, согласно новите законски одредби.
Конкурсот за овогодинешните стипендии кои ќе се доделат за обука и стажирање во Ѕteiermaerkische Sparkasse, во австрискиот град Грац за 2013/14 година, ќе биде објавен денес на Економски факултет Скопје во Амфитеатар 2, со почеток во 12 часот.
Во ноември минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 20.857 денари и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,1%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.