Суспензијата, како што се наведува, е продолжена за нови 30 дена, почнувајќи од 21.10.2017 година.
Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка во висина од 6.432.000 денари.
Европскиот совет на инженерски комори (ECEC) го одржа 14-тото Генерално Собрание во Скопје, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
На вкупно 188.530 физички и на 51.236 правни лица им се блокирани трансакциските сметки на крајот на јуни оваа година.
Од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Градски трговски центар, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.711.000 денари.
БДП годинава ќе има раст од 1,5%, следната година 3,2%, а во 2019 година 3,9%.
Во 2016 година, вкупното бруто примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.113.745 toe или 41,48% од вкупно потребната енергија.
Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења од програмскиот јазик Јава и поврзани технологии со истиот, како Spring, Spring Boot, Hibernate и Angular со помош на кои во текот на тренингот ќе изработуваат веб апликации.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август оваа година, изнесува 22.912 денари, додека во бруто износ е 33.675 денари.
На шестиот годишен настан Самит100 за Бизнис лидери од ЈИЕ беше заклучено дека се неопходни големи инфраструктурни проекти кои ќе овозможат слободно и побрзо движење на луѓето и стоките, како и дигитализација којашто е двигател на промените.
Познат поголемиот дел од спикерите на шестото издание на AllWeb. Влезниците по Early Bird цена ќе бидат достапни уште 10 дена.
Сите заинтересирани може да се пријават и да учествуваат во процесот на надавање и лицитација за стварите што се предмет на јавната аукција/продажба.
Нафтената компанија Макпетрол денеска официјално ја пушти во употреба својата 127 бензинска станица лоцирана на магистралниот пат Струга – Дебар, во непосредна близина на крстосницата со Вевчани.
Вкупното бруто - примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.265.473 toe или 47,25% од вкупно потребната енергија.
Иновации и модернизирање на постжетвените активности, оценка на потрошувачите за различни типови биотехнологии во земјоделството, трендови во високото образование и науката, се дел од темите на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна во Охрид.
Се подготвуваат измени на Законот за извршување коишто ќе бидат во насока на поголема ефикасност на извршувањето.
Понудата е достапна за сите нови и постојни корисници кои во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за било која Vip Комбо тарифа.
Екто Спорт и Екто Плус ја подобруваат моќноста и економичноста на моторот, истовремено овозможувајќи заштита на животната средина.
“Сознанието дека 445.000 граѓани живеат во ризик од сиромаштија е поразително, а со вакви акции секогаш можеме да ја поттикнеме солидарноста и да подигнеме јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна“.
Илирика ќе продолжи да гради доверба, овозможува најдобри услуги и успешно да учествува на берзата.
Целта на меморандумот е да ги обедини силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведувањето на договорените проекти од Берлинската иницијатива.
Макпрогрес од Виница којшто на својот изложбен простор на љубителите на слатките задоволства од целиот свет им ги понуди своите производи од автентично домашно производство, откривајќи ја волшебната моќ на локалните состојки.
Станува збор за апликација што на корисниците им овозможува да дознаат каде во нивна близина може да набават или да консумираат органска храна.