Шест месеци по ред банките во земјава имаат вишок девизна ликвидност, беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија.
Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење во Македонија за 2017 година.
П.И.К. Ко ДООЕЛ е водечки снабдувач на суровини и функционални состојки во сите сектори на прехранбената индустрија.
Улогите на Лук Скајвокер, Дарт Вејдер, Јода, Чубака и останатите познати ликови, ги толкуваа основците од меѓународното училиште Нова.
Од аеродромите Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид во периодот јануари - ноември годинава се превезени 1.661.010 патници, што претставува зголемување за 15,7% во однос на истиот период лани.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) од утре (15.12.2016 година) ги пушта во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари.
Македонска 13-члена делегација на претставници на локалните власти и експерти во енологија до сабота престојува во францускиот регион Алзас во студиска посета посветена на винската индустрија.
Управата за јавни приходи ја објави 12-тата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2016 и неплатени до 30.11.2016 година.
Шпедитерската куќа Макошпед за следната 2017 година планира да оствари 6.637.110 денари добивка пред оданочување, покажува Деловниот план за 2017 година, објавен на Македонска берза.
Прометот во трговијата на мало по производи, во 2015 година, изнесува 126.965.914.000 денари, додека на големо има вредност од 164.260.717.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 83 од 108 компании коишто котираат на Македонска берза, заклучно третиот квартал од оваа година, евидентираа добивка во висина од 9.451.848.736 денари, покажува Прегледот на финансиски резултати на котираните друштва.
ПроКредит Банка официјално го отвори новиот Регионален центар за обука, лоциран во Превале, Косово, а ќе биде наменет за обука на вработени од сите банки во групацијата.
Бројот на туристите во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бензините ќе поскапат за 2,50 денари, па еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 64,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 66,50 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде повисока за три денари и ќе изнесува 51,50 денари.
Пеејќи ја Имеџин на Џон Ленон и За овој свет на Тоше Проески, песна напишана за УНИЦЕФ во 2004 година, децата одадоа почит на постојаната надеж што УНИЦЕФ им ја носи на децата низ целиот свет.
И оваа година Македонски Телеком ја награди акцијата Ретвитни оброк, којашто почна како мала волонтерска иницијатива на Твитер заедницата за готвење топли оброци за бездомниците.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020 од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Бруто домашниот производ, во третото тримесечје од оваа година, имаше стапка на раст од 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на невработеност, во третото тримесечје од оваа година, изнесува 23,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стопанска банка Битола информира дека јавната понуда на обврзници не е реализирана, бидејќи не се продадени понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Mastercard картичките за физички лица. Во рамки на кампањата за сите кои ќе аплицираат во промотивниот период од 01.12.2016 до 31.12.2016 година се нудат неколку поволности.
Во текот на октомври оваа година се издадени 291 одобрение за градење, што е за 10,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акцијата првично беше предвидено да трае до 15-ти декември, но поради огромниот интерес и продажби, компаниите ја продолжуваат акцијата.
Халкбанк на своите клиенти им овозможува да ги вршат девизните плаќања кон Турција и Србија по пониски трошоци.










