Вкупните девизни резерви заклучно со 30-ти ноември оваа година изнесуваат 2.551.400.000 евра, што е за 177,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец.
Според официјалниот извештај на комисијата за доделување на наградите, тоа е награда за јасна и добро конструирана портфолио стратегија која дава максимум резултати во рамките на конзервативните законски ограничувања.
Трошоците на живот и цените на мало во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонски Телеком имплементира повеќе мерки во своите секојдневни оперативни и тековни активности, со цел да се заштити животната средина.
По првата фаза на оценување, Везешари е оценета од независни судии врз основа на вредностите на Европските бизнис награди (ЕБА) за иновација, етика и успех.
Акциите на Комерцијална банка, Стопанска банка и на НЛБ Банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во ноември, покажува Месечниот статистички билтен.
Вселиви веќе од декември, имате одлична можност по цена од 650 евра до 830 евра за м2 да купите еден од 105-те апартмани, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.
Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје освоија прва награда во категоријата Најдобри трудови на 9. Меѓународна конференција на студентски проекти IEEESTEC 2016.
На новоизградениот извод ќе се приклучат над 2.000 корисници од населбата Аеродром, меѓу кои и комплексот згради на Џеваир холдинг, спортскиот центар Јане Сандански, хотел Русија и дел од индустриските корисници од соседната населба Гоце Делчев.
Во Халкбанк продолжува промотивниот период на потрошувачки кредити без трошоци за обработка на кредитот до крајот на годината, стои во соопштението на банката.
Потрошувачката на електрична енергија во Македонија стагнира или малку се намалува, не заради забавување на целата економија, туку поради забавената активност на големите комбинати.
Стопанска банка АД Скопје успешно го заврши проектот за надградба на информатичкиот систем од R10 на најновата верзија R15 на TEMENOS Т24ТМ, како најнапреден банкарски систем, којшто е достапен денес од технички аспект.
Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт, млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со којашто се постигнува зголемената густина.
Апликациите за стипендии се отворени од 1 декември 2016, во очекување на силен натпревар помеѓу најдобрите извршни директори, менаџери и претприемачи во Македонија.
Во Сеавус инкубатор ќе гостува Рана Чакрабарти, дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP.
Lindt брендот, кој нуди голем избор на чоколади од врвен квалитет во 120 земји, отсега е присутен и во Македонија.
Започнувајќи од 10.12.2016, сабота, до 12.12.2016, понеделник, ќе биде организирана тридневна забава, насловена како „3 level party“, исполнета со бројни изненадувања и уживања.
Исплатата на регресот за годишен одмор воспоставена со ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и истата треба да се реализира до крајот на годината.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани, се пониски за 2,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Четирите иновативни проекти се избрани во конкуренција на 52 пристигнати на огласот на Фондот за инструментот чија цел е да се поттикне иновативноста кај претпријатијата и примената на иновативни решенија.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до октомври оваа година, изнесува 1.426.074.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Белградската берза е прва што активно се приклучува кон SEE Link, по трите берзи основачи на платформата.
Миа како ланец во подем ги препозна Мекиците од Стража и зборуваше со Игор Николоски. Миа Трпезановска има 12 години и е член на ЦЕЕД ЕДУ.










