Трагите, односно водилките, што се поврзани со историјата на градот, ќе бидат споделени на денот на лов - 22 септември. Бурето, пак, ќе биде отворено кога првата личност ќе пристигне на локацијата и ќе ја каже точната лозинка.
Агенцијата за катастар на недвижности со помош на холандски експерти ќе го подобрува квалитетот и изработката на топографските карти и ќе ја подобрува Националната стратегија за инфраструктура на просторни податоци.
Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8,3%, додека кај бројот на ноќевања има пораст од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Навиките и однесувањето на корисниците на паметни (мобилни) уреди, комуникацијата во движење, константното барање нови канали и целни групи за маркетинг комуникација ќе бидат носечките теми на конференцијата.
На листата се наоѓаат физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Дирекцијата за заштита и спасување на интернет страната објави Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.
Во јули оваа година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупните девизни резерви на крајот на август имаа салдо од 2.676.600.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Бруто домашниот производ во текот на второто тримесечје од оваа година забележа раст од 2,2%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.
Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca - Cola HBC групацијата, трета година по ред е рангирана на прво место во светот според остварените резултати и заложбите за одржливост и заштита на животната средина.
Стапката на невработеност, во второто тримесечје од оваа година, е 24%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Седумнаесет македонски компании ќе учествуваат на Саемот World food 2016 (МИР ПИТАНИЕ 2016), што ќе се одржи од 12-ти до 15-ти месецов во Москва.
Трговската размена меѓу Македонија и Германија, која е најголем надворешен трговски партнер, првпат оваа година ќе ја надмине сумата од три милијарди евра.
Џонсон Мети е деветта, а ЕВН 42-ра најуспешна компанија, покажува ранг листата Coface Adriatic/Balkan Top 50 за 2015 година за Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.
Трошоците на живот во август оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, а кај цените на мало има зголемување од 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Година на петелот – петел со ангел и Година на петелот – ветроказ со петел.
Целта е промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно - истражувачките, високообразовните институции и бизнис секторот, како и промоција на лабораториите на факултетите.
Fондацијата обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго), како апарати кои претходно беа утврдени како потребни за засегнатите семејства.
Промоција во постпејд сегментот на мобилната телефонија, Vip Mobile Promo, со која корисниците добиваат можност за неограничена комуникација и тоа со намалена месечна претплата цела година.
Четиринаесет компании од Македонија се прогласени за национални шампиони на Европските бизнис награди од лидери во бизнисот, академици и политички претставници од Европа.
Цените на угостителските услуги во август оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ниедна институција не може да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно, стои во соопштението на Банката.
Фабриката за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци АД Грозд од Струмица постави камен темелник на нов производствен погон.
За инвеститорите во хартии од вредност минатиот месец најатрактивни им беа акциите на Макпетрол, Комерцијална банка и Алкалоид, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.