Интернационалниот финансиски магазин Euromoney ја награди Охридска банка Сосиете Женерал со наградата Најдобра банка во Македонија за 2016 година, стои во соопштението.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе почне да се пресметува индексот по новиот состав е 08.07.2016 година.
Трошоците на живот и цените на мало во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, останаа исти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Приказната на Пазар3 започнува 2006 година кога се пројави идеја да се креира веб сајт за онлајн тргување кој ќе ги соедини продавачите и купувачите на едно место и на тој начин ќе овозможи квалитетна трговија меѓу нив. Таа идеја се реализира на 07.07.2006 година.
Второто извлекување од наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, кое ќе се одржи на 9-ти јули во сабота, пред Кит-Го маркетот во Неготино, со почеток од 12.00 часот, ќе израдува над педесет добитници на вредни награди.
Со 118 трансакции или 27% учество во вкупниот промет на официјалниот пазар на берзата, акциите на фармацевтската компанија Алкалоид се најтргувани во текот на минатиот месец.
Lyconet – платформа која нуди можности за дополнителни приходи од провизии до можности за финансиска независност.
Компанијата за производство на корпусен, тапациран мебел и градежна столарија, Современ дом од Прилеп, донесе предлог одлука за распределба на добивката од минатата година.
Фондот за иновации и технолошки развој и ССК ќе ја зајакнуваат соработката со цел зголемување на бројот на компании што ќе воведат иновации во работењето за што Фондот помага преку доделување финансии.
Комерцијална банка изврши намалување на каматните стапки на искористениот лимит на кредитните картички со девизни сметки.
Анен Калач од Велес во текот на повеќемесечното виртуелно тргување успеа иницијално добиените 500.000 денари да ги инвестира во различни акции и играта да ја заврши со највисока вредност на своето портфолио од 3.067.196 денари.
Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
NewMan’s Got Talent е програма која е креирана да одговори на потребите на младите и да ги поврзе успешните македонски компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени.
Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до мај оваа година, изнесува 717.701.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
ТТК Банка ги зголеми каматните стапки на денарските штедни влогови на физички лица, орочени на 3 и 6 месеци за 0,20 процентни поени, односно за 0,50 процентни поени на штедните влогови орочени од 12 до 60 месеци.
“Остварената нето добивка по годишната сметка за 2015 година, којашто по оданочување изнесува 23.680.144 денари се распределува за реинвестирање“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
“Добивката од 2015 година во износ од 301.048.216 денари се распределува во акумулирани добивки“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Повеќе од 2.000 граѓани се вклучија во активната кампања за водење здрав живот, насловена како „Немате време да бидете болни“, поддржана од брендот PROBalans.
Винарската визба Тиквеш донесе одлука за распределба на остварената добивка од работата во 2015 година.
5% или 619.433 денари ќе се распределат во задолжителниот резервен фонд, додека остатокот од 11.769.221 денари останува како акумулирана добивка.
ММФ од втората половина на август 2016, по истекот на мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон, веќе нема да именува резидентен претставник во Македонија.
Компанијата Пакомак доби награда за најеколошка компанија за проектот 3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар - 3Д екобус на традиционалниот градски конкурс.
Полиса за патничко осигурување се купува пред заминување на патувањето.
Програмирање на одредена „интелигентна“ функција беше предизвикот на кој работеа педесетина учесници на летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи на тема Интернет на нештата (Internet of Things), која заврши денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии.











