Компанијата Адинг, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, работеше со добивка од 7.683.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Бројот на работници во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цементарницата Усје од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 574.088.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Оилко од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 30.934.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие Макпетрол прикажа вкупна сеопфатна добивка вредна 109.275.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Прилепска пиварница во првите шест месеци од годината работеше со добивка од 104.121.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 105.1.
На годинешниот China Wine & Spirits 2016, во конкуренција од над 5.000 глобални вински брендови, златни медали освоија црвеното тероар вино Барово 2013-та и белото вино Александрија куве 2015-та, а црвеното вино Александрија Куве 2014 доби сребрен медал.
Регионалниот фонд South Central Ventures (Enterprise Innovation Fund – ENIF) ја направи првата инвестиција во Македонија - инвестираше 100.000 евра во стартапот Letz.
Вчера во паркот на комплексот Могила на непобедените во Прилеп, се отвори петтата Coca-Cola Активна зона во Македонија со што заврши првиот циклус од големиот проект на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата кој летово се реализираше во повеќе општини ширум земјава.
Со добивка работеа сите банки, членки на НЛБ Групацијата и ја подобрија профитабилноста во однос на истиот период минатата година.
Меѓународниот воз Хелас експрес кој сообраќаше на релацијата Солун-Скопје-Белград и обратно, ќе престане да сообраќа на 04.09.2016 година поради изведување на градежни работи на територијата на Република Србија.
На настанот ќе учествуваат 5.000 претставници од 160 земји, над 800 изложувачи, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре.
РЖ Интер Трансшпед од јануари до јуни оваа година работеше со загуба од 3.340.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Brainster & Codepreneurs е супер-интензивна 16 неделна програма, која учесниците ќе ги претвори од почетници во програмери. Целта е 90% од дипломираните да се вработат во ИТ компании или да започнат свој старт-ап до 6 месеци по дипломирањето.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 8,4%, во градско-приградскиот превоз за 7,9%, во железничкиот превоз за 2,4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 34,7%.
Преку кампањата ќе се промовираат сите актуелни понуди и промоции на брендовите во трговскиот наменети за основците и средношколците.
Финансиските резултати за првата половина на 2016 година, и покрај понатамошниот пад на меѓународните цени во 2016 година, кои доведоа до помал приход од продажба, остварија рекордно висока профитабилност.
Производството во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија Минстрој.
Кроациа Осигурување - Живот и Вашата Кроациа картичката за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од 250 локации низ Македонија.
Како и минатата, така и оваа година маратонот е под покровителство на Македонска пошта АД и Општина Прилеп, кои ќе бидат домаќини на трките кои ќе се одржат на 9-ти октомври.
Технометал Вардар, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 26.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Стопанска банка во првото полугодие оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.216.340.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,0% на месечно ниво, а повисоки за 0,4% на годишно ниво.











