За неполни 30 часа, играта го постигна посакуваниот праг од 18.000 долари, за да се вброи во групата успешно финансирани проекти, а до крајот на кампањата остануваат уште 28 дена.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари 2016, изнесува 21.813 денари, додека во бруто износ е 32.074 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од први јануари до 31-ви март, компанијата Факом ја заврши со добивка од 769.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво Интерпромет од Тетово од први јануари до 31-ви март 2016 година работеше со добивка од 1.391.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје првото тримесечје од оваа година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.518.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Kомуналното претпријатие Комуналец во Кичево вработи три лица со попреченост преку Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост.
Проектот е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупниот буџет изнесува 700.000 евра и се спроведува од петти март во времетраење од 18 месеци.
Пакомак и компаниите коишто се дел од неговиот систем, вклучувајќи ги сите вработени во овие компании ќе го одбележат Денот на планетата Земја со низа активности, наменети да испратат порака и да посведочат за постоењето на еко – свеста.
Македонски Телеком постави специјално дизајнирани садови, односно канти во 12 продавници низ државава, во коишто ќе може да се собира отпад од електрична и електронска опрема.
Шампионот на Македонија во повеќе атлетски дисциплини, Кокан Ајановски во соработка со Sport Vision (официјален застапник за Nike во Македонија), го промовираше формирањето на Nike школа за трчање (Nike + Run Club).
За бруто дивиденда се одвојува износ од 7.170.900 денари, односно 100 денари бруто дивиденда по акција со право на дивиденда со просек од 09.06.2016 година.
Направете една слика од вас како садите дрво, или прегрнувате дрво и поставете ја на некои од социјалните медиуми Facebook, Instagram или Twitter, и искористете го хаш-тагот #GG4Trees#HugATreeWithPassion #EarthDay2016.
Бизнис Комплет е иновативен сеопфатен пакет кој обезбедува покритија за целосно осигурување на малите и микро бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.
Меѓународното училиште Нова го организира 10-тото јубилејно издание на големиот хуманитарен семеен базар на којшто ќе се продава храна од различни страни на светот, книги, ракотворби, а ќе биде поставена и мала зоолошка градина.
Компанијата Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана.
Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на социјалните партнери за подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво.
Со станбениот кредит План за стан на Охридска Банка Сосиете Женерал, клиентите добиваат: 10 години фиксна камата, со фиксна промотивна каматна стапка од 3,75% во првите две години и сигурна и поволна фиксна каматна стапка од 5,95% од третата до десеттата година, со максимален рок на отплата од 30 години.
Со денешното испитување се покажа дека овие највисоки згради во Македонија имаат одлична отпорност на вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени.
Новиот Гудис бургер хаус се наоѓа на вториот кат на трговскиот центар Сити мол и веќе е подготвен да им понуди на љубителите на вкусната храна ново автентично искуство во опуштена атмосфера во којашто владее современа естетика.
Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2015 година изнесува 380 килограми по жител, што е за 2,7 % повеќе од 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Физичката активност е секогаш препорачлива, но она што ќе ви направи разлика е како да извадите максимум од тренингот зависно од активноста и опкружувањето што сте го одбрале.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите земјоделски стопанства дека поднесувањето на барањата за финансиска поддршка во земјоделството е во тек и ќе трае до 30-ти јуни.
Горан Поповски од компанијата АСИ е избран за нов претседател на Управниот одбор на МАСИТ. Тој досега ја извршуваше функцијата заменик претседател. На негово место доаѓа Анета Антова Пешева.
Компанијата Пакомак потпиша четиригодишен договор за соработка и еколошко унапредување на животната средина со општина Куманово. Почетокот на оваа соработка ќе ја одбележи донација од 40 специјализирани контејнери за рециклирачки отпад.











