На овогодинешниот натпревар ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава и 15 натпреварувачи од странство. RoboMac 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања.
Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија што претставува 19% од вкупно планираното производство за годинава.
На средбата децата требаше да размислат на тема колку реално ги чинат нивните родители, дали се свесни колку од домашниот буџет се одвојува за нив, каков е нивниот однос кон парите и дали се совпаѓа со тој на родителите.
Во четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,6%.
Прометот на Македонска берза во текот на февруари достигна 124.503.172 денари, што е намалување од 49,15% во однос на претходниот месец, покажува месечниот статистички билтен.
Оваа работилница е наменета за претставници од старт - ап компании и старт - ап ентузијасти и е бесплатна. Ќе се одржи на 9-ти март (среда) од 17 до 20:30 часот во HUB Скопје.
Акционерското друштво Карбо Нова од Крива Паланка во период од први јануари до 31-ви декември минатата година работеше со загуба којашто достигна 4.149.000 денари.
Трговскиот дефицит во јануари 2016 година изнесува 68.777.000 евра, што претставува намалување за 6,7% во однос на истиот период од минатата година.
оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на којшто веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојдневно ги тагнуваат своите најдобри фотографии на Инстаграм.
Работодавачот на кредитокорисникот се обврзува да забранува дел од неговата заработка, во висина на месечниот ануитет од кредитот, додека корисникот на кредитот не ги подмири своите обврски кон банката.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.927.000, во железничкиот превоз 352.000, во градско - приградскиот превоз 22.433.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 375.600.
Осигурување Македонија Скопје Виена Иншуренс Груп минатата 2015 година ја заврши со добивка пред оданочување во износ од над 267 милиони денари.
Главниот акцент е ставен врз плочите BETONYP, производ на европски производител, кој преку СОЛОПРОМ, за прв пат се претставува во Македонија. Плоча која е спој на дрвни борови струготини и Портланд бетон.
Седум бугарски, четири хрватски и три македонски инвестициони компании т.е. брокерски куќи ја доставија комплетна документација, по што нивните апликации беа потврдени.
Централна кооперативна банка АД Скопје минатата 2015 година ја заврши со загуба од 48.305.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Вабтек МЗТ, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, прикажа загуба од 33.978.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Теал од Тетово во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 43.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Градежната компанија Фабрика Карпош минатата година ја заврши со добивка од 18.806.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Триесет и пет деца на возраст од 6 до 14 години почнаа да ги изучуваат основните техники на уметничкото лизгање во рамките на бесплатната школа што ја организира компанијата Еуролинк осигурување.
РЖ Институт минатата година ја заврши со нето загуба во висина од 58,8 милиони денари, стои во Краткото образложение за работата на компанијата, објавено на Македонска берза.
Винарската визба Тиквеш во текот на 2015 година успеа да оствари добивка во висина од 37.364.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
По повод 8-ми Март, MarketKonekt.com ви доделува 100 денари гратис при купување на подароци за вашите најдраги.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува обврзниците дека МПИН пресметките за бруто плата (месечна пресметка за интегрирана наплата) се доставуваат преку електронска пошта [email protected].
Компанијата Уготур во период од први јануари до 31-ви декември минатата година работеше со загуба од 4.173.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.











