Од денеска започнува попуст акцијата Аутлет во Техномаркет за која производите на бела техника од претходните сезони и производите од излог се намалени до 70%.
Охридска банка им овозможи на клиентите да добијат станбен или кеш кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и услови на користење и без административен трошок за одобрување на кредитот.
“Дел од акумулираните добивки на компанијата остварени до 31.12.2014 година во вкупен износ од 138.356.048 денари ќе се распределат како дивиденда за обични акции“, стои во одлуката.
На Скопски саем денеска започнува шестиот меѓународниот саем за туризам Скопје травел маркет и 19-тото издание на манифестацијата Денови на образование и кариера.
Започна Конференцијата со која CEED ја обележува 10 годишнината од своето постоење. Конференцијата се одржува во Софија, Бугарија, земјата во која е отворен првиот Центар за развој на претприемачи и менаџери од мрежата.
Потрошувачката на енергија во резиденцијалните и канцелариските простори изнесува 40% од вкупната потрошувачка на енергија во Македонија, со што секторот одржливо градежништво добива дополнителна атрактивност за инвестирање.
Најголем дел од кредитите во текот на март оваа година се насочени кон секторот население, а умерен раст бележат и корпоративните кредити.
Kuehne + Nagel Internacional AG го издаде својот годишен извештај за 2015 година. Извештајот за глобалната работа на групацијата е достапен на интернет страницата на компанијата.
И оваа година магазинот InStore застанува зад организацијата на вториот FMCG самит што ќе се одржи на 13-ти мај во хотелот Александар палас.
Овој сертификат што го издава Агенцијата за Халал стандард во Македонија во состав на ИВЗ, за компаниите значи овозможено учество на странските пазари што зависат и се вклучени во Халал системот.
Пехарот Куп бисер мора 2016 и 13 медали заминаа во рацете на готвачите од здружението на готвачи Гастро Мак од Македонија, во рамки на 11-от гастрономски фестивал Бисер мора 2016 што се одржа во Супетар на Брач, Хрватска.
Собранието на Македонски Телеком АД - Скопје на својата годишна седница, одржана на ден 12.04.2016 година ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2015 година.
Забрзано напуштање на согорувањето на јаглен за добивање енергија и внесување значително поголем процент обновливи извори на енергија во енергетскиот микс во земјава, применување на построгите стандарди за заштита на животна средина.
Бројот на туристи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 9,2%, а бројот на ноќевања е зголемен за 16,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Износот од 5.500.000 денари, како што се наведува, ќе се распредели на име дивиденда, додека износот од 7.540.739 денари ќе се распредели на име реинвестирана добивка.
Македонското органско јагне од автохтоната раса Праменка - Овчеполка ги воодушеви посетителите на Бјеловарскиот саем во Хрватска.
Инспекциските контроли се спроведуваат на сите гранични премини, за секоја пратка со овошје и зеленчук, независно од земјата на потекло на пратката.
Нето добивката остварена по годишна сметка на Охридска банка за 2015 година, во износ од 399.415.651 денари се распоредува за: 359.504.325 денари како нераспределена добивка и 39.911.326 денари за дивиденда за исплата.
Со секој купен производ на Жито Лукс, во Тетово, се донира за реновирање на Одделот за детски болести во Клиничката болница во градот.
Банкарскиот сектор ја засили кредитната поддршка на приватниот сектор во последниот квартал до 2015 година, покажува Кварталниот извештај на Народната банка на Македонија.
Во февруари 2016 година се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На листата се најдоа лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Од 12 до 18 април, книгите ќе бидат во фокусот на 28-от по ред Меѓународен саем на книгата кој ќе ги обедини сите изложувачи на едно место.
На 7 април, 45 млади од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија ја посетија соларната фарма Фотоволт и Белчишкото блато во општина Дебарца.