Добивката по оданочување по годишната сметка на НЛБ Тутунска банка од 831.951.172 денари се распоредува: 582.469.602 денари за исплата на дивиденда и 249.481.570 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања
Земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во 2015 во просек е предвидено дека имале раст од 2,1%, стои во најновиот економски извештај на Светска банка.
Македонија доби графички регистар на градежно земјиште со што стана една од земјите каде што постапката за донесување на урбанистички планови се одвива целосно по електронски пат.
Тридневна работилница за веб дизајн наменета за средношколци, што е во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а поддржано од Град Скопје, започнува денеска.
Во рамки на едукативните работилници, операторите ќе се запознаат со важноста на Каталогот, особено со неговото усогласување со новиот Правилник за информациите поврзани со храната и ЕУ регулативата 1169/2011.
Конкурсот за стипендии е отворен од 1.4.2016 до 1.6.2016 и ќе прифаќа апликации од средношколци кои завршуваат со средно образование во 2016 година.
Халкбанк Скопје на своите клиенти им нуди можност за користење на СМС услуга, преку којашто ќе добиваат информации за секоја направена трансакција со платежната картичка, реализирана преку АТМ, ПОС терминал или на Интернет.
Вкупните девизни резерви на крајот на март оваа година достигнаа 2.266.300.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
ФЕИТ ги поканува сите средношколци да го посетат Факултетот на 09.04.2016 (сабота) од 10 до 15 часот.
Оваа прва емисија на обврзници по пат на јавна понуда, според предлог одлуката, ќе биде во износ од пет милиони евра. Издадената корпоративна обврзница ќе се користи за зголемување на капиталот на банката.
Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, а порастот кај цените на мало е 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Како за државата, компаниите, институциите... така и за едно семејство е важно да има семеен буџет, како детален преглед на приливот и одливот на финансии.
Оваа лабораторија е наменета за вежби на студентите кои ги изучуваат современите методи и алгоритми на управување и автоматизација со индустриските и инфраструктурните системи.
На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Цементарница Усје ѝ донираше апарат за спирометрија на болницата за лекување на белодробните заболувања кај децата во Козле.
Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Струмица и околината, имаа можност да се запознаат со Бизнис Комплет пакетот, предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење на нивните бизниси.
Компанијата во 2015-та година обезбеди бруто полисирана премија во износ од 21 милион евра (1.294.416 илјади денари), што е за 13% повеќе, споредено со претходната година.
Хартиите од вредност на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол се најтргувани во текот на минатиот месец, покажува месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Нивниот развој за македонското стопанство е од посебна важност, затоа што ги поттикнува малите и средни компании ориентирани кон високи технологии, го забрзуваат процесот на современото претприемништво.
Наградната игра ќе започне на 11 април и ќе трае до 5 јуни 2016 година. Играта ќе се одвива во 11 посебни кола од кои осум неделни кола, две месечни кола и едно главно коло.
AllWeb, првата конференција за дигитален маркетинг во Македонија, започнува со организација на серија мини настани со цел отворање на актуелни дискусии во полето на дигиталните комуникации, маркетинг и бизнис во текот на целата година.
Народната банка на Република Македонија на седми и осми април ќе jа организира Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките.
Александраија е името на новата ЕКО населба што Фабрика Карпош ќе ја гради во Скопје на простор од 150.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек.
Втора година по ред, ТАВ Македонија го добива престижното признание на Скајтракс - Светски аеродромски награди, рангирајќи го Александар Велики меѓу десетте најдобри аеродроми во источна Европа.
Во организација на Унгарската национална трговска комора во Македонија, а во соработка со Општина Велес, денеска во Велес се одржа средба со бизнисмените од велешкиот регион, а на која присуствуваше и унгарскиот амбасадор во Македонија Јосеф Бенце.