Од први овој месец, СЕЕ Линк започна со пресметка на индексите SEE LinX и SEE LinX EWI, во коишто се вклучени 10 најактивни и најтргувани акции на регионални компании и тоа пет од Хрватска, три од Бугарија и две од Македонија.
Трговскиот дефицит во првите два месеца од 2016 година достигна 196.165.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вториот конкурс ги поканува сите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени кон сеопфатната цел на "урбана отпорност" за: борба против климатските промени; намалување на загадувањето; заштита на зелените површини или намалување на цврстиот отпад.
Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Соња Ѓелова – Стојанова и претседателот на Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата Жељко Фабер во Загреб потпишаа Меморандум за соработка.
Контакт центарот на Управата за јавни приходи и Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи, лоцирани во Градскиот трговски центар на втори кат, имаат ново работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Нова група практиканти добија можност теоретското академско знаење практично да го применат на реални работни задачи како дел од програмата за практиканти на ОКТА.
Вкупниот број на блокирани сметки на депоненти во банките на крајот на февруари достигна 122.502, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61 денар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за литар.
“Стопанска банка Битола остварената нето добивка по годишна сметка за 2015 година, во износ од 7.842.003 денари ја распоредува во законски резерви“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Триста црвени и жолти рози засадија членовите на Лајонс клуб Вардар во кампусот на техничките факултети при Универзитет Св. Кирил и Методиј.
Нето добивката во износ од 35.066.208 денари се распоредува во резерви за реинвестирана добивка од причини што во текот на 2016 година се очекуваат зголемени инвестициони активности.
Саемот ќе биде отворен на 04.04.2016 (понеделник) со почеток во 11 часот во Амфитеаторот на ФЕИТ.
Индустриското производство во февруари, во однос на истиот период претходната година, е зголемено за 15,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нераспределената добивка, се одвојуваат 6.479.325 денари за бруто дивиденда за акционерите, додека нето износот е 5.831.393 денари.
ЕВН повторно одлучи да ја демонстрира својата посветеност и одговорност кон лојалните корисници, насочувајќи ги своите ресурси во Наградна игра со којашто ќе ги препознае, поттикне, мотивира и награди своите корисници, ќе промовира позитивни промени и унапредување на добрите практики.
Компанијата ја доби наградата Кристално ѕвоно за постигнато второ место за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза за 2015 година и награда за постигнато второ место за котирано друштво со најголем остварен промет во изминатите 20 години од постоењето на Македонската берза.
Со овој сертификат, учесниците на курсот добиваат вештини во подрачјето на енергетската ефикасност и интегрирањето на обновливите извори на енергија во реновирање на постојните згради.
ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда за физички лица којашто се издвојува со ниските каматни стапки и поволните кредитни услови.
Мопедите се во препознатливата жолта боја, на коишто странично ќе бидат поставени сандачиња за багаж, со што ќе се овозможи пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми по сандаче.
Управниот одбор на Макпетрол го усвои Планот за работа во 2016 година, според којшто компанијата очекува да оствари добива од работењето пред оданочување во 2016 година во износ од 237,4 милиони денари.
Најголемо количество отпад (1.638.238 тони) е создадено во секторот Преработувачка индустрија. Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони. Најголемо количество на опасен отпад e создадено во секторот Преработувачка индустрија, 37.126 тони.