Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 708.535 МWh електрична енергија, 23.428 мил. nm3 природен гас, 502.542 тони јаглен и 79.437 тони нафтени продукти.
Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови.
Според извештајот на компанијата, во 2014 се случиле вкупно 21 несреќа (16 полесни, 5 посериозни и 0 фатални), во споредба со 60 несреќи од 2013.
Во првиот месец од новата година, Скопје Сити Мол на посетителите им овозможува вистинско шопинг уживање со попусти и до 70% кај закупците.
Економски раст, социјален напредок и одговорно, одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина, се основните принципи на биоекономијата - нов стратегиски правец во современото земјоделство.
Нискобуџетната авиокомпанија Визер, од 30 јуни, ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота за 1.799 денари или 30 евра. По истата цена, од 29 јуни, ќе може да се патува и од Скопје за Осло.
Главни предности за компанијата што го користи факторингот е во тоа што ја подобрува ликвидноста на финансиите, нуди поголема флексибилност во преговорите со потенцијалните клиенти, давајќи им поповолни услови за соработка.
Фокус на вториот по ред бизнис форум е иновативноста и поддршката на иновативноста преку регинална и интернационална соработка.
SunWireless потпиша договор за партнерство со Тотал ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.
Жито Прилеп АД – Прилеп ја намали цената на интегралниот леб Интега за три денари, така што сега тој ќе чини 15 денари.
Јавна презентација на мерките и активностите на процесот на окрупнување на земјоделското земјиште ќе се одржи денеска во Свети Николе.
Растот во Македонија се должи на јавните инвестиции и на извозот поврзан со странските директни инвестиции.
Книга во секој дом – предизвик и инспирација за Клуб Матица, овој пат фокусирана на македонскиот збор, слово и книга.
Жито Маркети го отвори својот трет маркет во Прилеп. Oвој маркет спаѓа во категоријата на дисконти и за купувачите ќе овозможи голем избор на производи по пристапни цени и врвна услуга соодветно на високите стандарди на компанијата.
Промоција на првото печатено издание на Белата книга на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Како програма, Еразмус плус им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Екстра Фунги е извозно ориентирана компанија и речиси 95% од своите производи ги пласира на странските пазари.
Во трговијата на мало, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 2,1%, а реално за 1,9%.
Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2015 година, го потврди долгорочниот кредитен рејтинг БББ - на ПроКредит Банка АД Скопјe.
Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември се пониски за 0,5% на месечно ниво, а 1,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Фершпед се најтргувани хартии од вредност на Македонска берза во 2014 година, покажува годишниот статистички билтен.
Македонската економија годинава ќе има раст од 3,5%, наредната 3,8%, а во 2017 година 4%, предвидува Светска банка во најновиот извештај.











