Заинтересираните трети страни имаат рок од 10 дена од објавувањето на известувањето да достават евентуални забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата.
Најголем дел од поплаките на граѓаните, во текот на изминатата 2014 година, се однесуваа на неквалитетни технички производи и гаранција и сервисирање на истите.
Трошоците на живот во декември, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, додека кај цените на мало има намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп објави дека во изминатата 2014 година остварила приходи од над 700 милиони денари, што претставува најдобар резултат за компанијата.
Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуската станица Скопје, што е сместена под Железничката станица.
Според вкупниот обем на надворешно - трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Македонската берза во декември оствари промет од 732.152.436 денари, што во споредба со претходниот месец, е пораст од 164,04%, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен.
Цените на угостителските услуги во декември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година.
Годинава, според директор на јавното претпријатие, Марјан Героски, има и нова програмска понуда, привлечна за скијачите и рекреативците, кои ќе престојуваат на ски-терените лоцирани на надморска височина од 1.100 метри.
Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка.
Македонски Телеком ќе им овозможи на сите MaxTV корисници да уживаат бесплатно во Max Sport + пакетот цел јануари.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави оглас за користење средства за помош за маркетинг на земјоделските производи и преработени земјоделски производи.
Акционерското друштво Македонијатурист проектира добивка од редовно работење во износ од 140.478.478 денари, стои во бизнис планот на компанијата, објавен на Македонска берза.
Најдобро ќе се заштитите доколку научите како правилно да одите по мразот и во крајна линија да научите како правилно да паднете, доколку не можете да ја избегнете “блиската средба“ со замрзнатата улица.
Во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители 11 Октомври и заедно со волонтерите вработени во Т - Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година.
Телеком Австрија Групацијата информира дека, заедно со Телеком Словеније Груп, поднесе нотификација за концентрација до Комисијата за заштита на конкуренција на Република Македонија.
Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница.
Бројот на работниците во индустријата, во ноември оваа година во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фармацевтската компанија Алкалоид и во 2015 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производните капацитети и во современите технологии, во човечки ресурси и во заедницата воопшто.
Во ноќните часови меѓу 27 и 28 декемви, при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година изнесува 21.717 денари, додека бруто износот е 31.847 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
До крајот на следниот месец,Катастарот ќе го пушти во употреба регистарот на цени на недвижности. Во тек се финални тестирања на системот, а ќе се извршат и обуки на нотарите со цел правилно по електронски пат да се доставуваат податоците до Катастарот.
Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија, на денот на формирањето на Банката, 29 декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во седум општини во Македонија.