Новости

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.
Остварената добивка во финансиската 2014 година, во износ од 9.962.710 денари, се распоредува за реинвестирана добивка од 9.386.233 денари и законски резерви 5% од 576.477 денари.
Интеграцијата на Santana и Loka во постоечкиот асортиман на Franck е во согласност со стратегијата за јакнење и унапредување на позицијата на компанијата на регионалните пазари.
Во трговијата на мало, во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун.
Со­бра­ни­те средс­тва од про­даж­ба­та на овие тор­би ќе би­дат вло­же­ни во Днев­ни­от цен­тар за деца на ули­ца и со ова се по­ста­ву­ва ос­но­ва за одрж­лив мо­дел за парт­нер­ски од­нос ме­ѓу Центарот и ком­па­ниите.
Втората по големина словенечка банка Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), е продадена на американскиот инвестициски фонд Apollo за 250 милиони евра.
Грција има долга историја на финансиски проблеми. Првото неисполнување на финансиските обврски се случи во четвртиот век пред нашата ера.
Крајните корисници од утре ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 0,33%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Целта на проектот Париз 2050 – паметен град, е решавање на урбанистичките и еколошките проблеми на француската престолнина, а до 2050 година ќе се намали емисијата на штетни гасови за дури 75%.
НЛБ Тутунска банка е прва банка која започна со продажба на полиси за неживотно осигурување, како застапник на Сава Осигурување.
Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Мнозинството од анкетираните, 85%, го немаат шефот за пријател на FB.
Апликацијата NowPark.me која помага да се пронајде најблиску паркинг место до зададена локација изработена од студентите Јордан Крстевски и Ивана Талевска е првонаградена на Хакатонот натпреварот.
Акционерските друштва Арцелормиттал Скопје (ХРМ) и Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) донесоа одлука за покривање на загубата остварена во текот на минатата година.
Според т.н. енергетска транзиција, Германија до 2050 година треба најмалку 80% од енергијата да ја добива од обновливи извори.
Агенцијата за приватизација на Србија објави јавен повик за приватизација на 38 медиуми во земјата, a меѓу нив и повик за приватизација на Новинската агенција Танјуг.
Остварената нето добивка по годишна сметка на ЗК Пелагонија од Битола за 2014 година, која по оданочување изнесува 4.218.974 денари, се распоредува за реинвестирање.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја објави одлуката за новата цена на електричната енергија.
Платата од 990 евра за две недели седење на свеж воздух привлече многу кандидати дури и од регионот, но за чување на роботската косилка на Husqvarna е избран Зоран Станко.
Стопанска банка продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво, се вели во соопштението на банката.
Од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани.
ПроКредит како Групација до крајот на оваа година ќе подари над 600.000 еко торбички во 11 земји од Југоисточна Европа, каде статистиките за употреба на пластичните кеси е далеку над просекот.
Линијата се состои од две машини, транспортна лента и преса, за селекција, пресирање и балирање на отпадот. Целата инвестиција чини околу 40.000 евра и е дел од соработката на Исар со компанијата Пакомак.
Опрема и нова хала со вредност од 4,2 милиони евра, како и педесет нови вработувања е последната инвестиција во велешката компанија Брако.