Новости

Групацијата Nestlé ја заврши аквизицијата на Pfizer Nutrition, компанија вредна 11,85 милијарди долари. Аквизицијата ќе го унапреди работењето на компанијата Nestlé во одделот на производство на детска храна.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија денес во Варшава потпиша Меморандум за соработка со полската Агенција за информации и странски инвестиции.
Според предвидувањата, програмата за откуп на дел од огромниот грчки јавен долг, која беше услов за продолжување на кредитирањето од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, завршува денес.
Според проценките на косовската влада, за да се изгради автопатот кој Косово го поврзува со Македонија потребни се 793 милиони евра.
Од 12-ти до 15-ти декември, во организација на Скопски саем, ќе се одржи Вински фестивал 2012. Освен различните видови вино од македонските визби, посетителите на овој фестивал ќе можат да пробаат и млечни и месни производи од најдобрите производители во земјава.
Шведскиот текстилец H&M на купувачите што ќе донесат стара облека ќе им дава ваучери, но нивната вредност се уште не ја откриваат. Овој проект за рециклирање на облека засега ќе се спроведува само во Швајцарија.
Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, денес ќе присуствува во Анапа, Русија на официјалното започнување на градбата на гасоводот Јужен поток.
Унгарски Мол ги негира пишувањата на некои хрватски медиуми дека води преговори за продажба на акциите во Ина, оценувајќи ги како потполно неосновани гласини.
Според Рената Витез, извршен директор на ЦЕФТА - Секретаријатот ,земјите потписнички на договорот за ЦЕФТА мора да ја продлабочат соработката на сите полиња.
Фондацијата “е-Македонија” започнува со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во е-комуникацијата и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.
Српската фармацевтска компанија Хемофарм од Вршац е добитник на наградата за најдобар извозник на годината што ја доделува Агенцијата за промоција на извозот и странски инвестиции (СИЕПА).
Проектот кој беше за унапредување на инвестициите и извозот официјално заврши по четиригодишна имплементација. Во рамки на проектот е обезбедена поддршка од над 20 врвни германски и домашни консултанти кои работеа непосредно со компаниите.
Во ноември годинава, споредено со ноември 2011, е регистиран пораст на бројот на превезени патници од аеродромот Александар Велики за 11%.
Кина ќе вложи 56 милијарди долари до 2015 година во ограничување на загадувањето на воздухот во големите градови. Лекарите предупредуваат дека честичките познати како ПМ 2,5 можат да се задржат во белите дробови и да предизвикаат респираторни проблеми и други заболувања.
Тема на завршната конференција од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, земјоделието и прехрамбената индустрија во Словенија, Македонија и Црна Гора, што ќе се одржи денес, е Социјалниот дијалог и адаптација на промените.
Coca Cola HBC Хрватска објави дека постепено ќе ги затвори погоните за полнење вода во Готаловац, каде што се полни водата Бистра, а ќе започне програма за пренасочување на работите поради зголемување на конкурентноста и зачувување на стабилноста.
На планетата има скоро 7,1 милијарди луѓе. Од нив 71 се најзначајни. Што имаат заедничко претседателот на САД, папата и основачот на Фејбук? Сите се на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот за 2012 година.
Кинески, руски и украински работници се на врвот на листата странци што добиле работни визи минатата година, соопшти турското министерство за труд.
Тема на работната средба што за денес е планирана во Стопанската комора на Македонија, е имплементација на ЦЕФТА - патот за во иднина.
Предлог енергетскиот биланс за 2013 година гласи дека догодина Македонија ќе потроши 81.897 тера џули енергија. Потрошувачката ќе порасне кај сите видови енергија и енергенти, а најмногу, во однос на минатата година, ќе порасне кај природниот гас со 27.7%. Потоа ќе следат нафтените деривати со 8.3% и геотермалната енергија со 6.9%.
Од јануари до октомври 2012, стоковната размена со земјите од странство изнесува 8.602.599.000 долари, при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 илјади долари, а на извозот изнесува 3.291.878.000 долари.
Една од најголемите светски прехранбени компании, швајцарски Nestlé објави соопштение во кое најавува здружување со кинеската фармацевтска куќа Hutchison Chi-Med.
ЕВН Македонија и Комерцијална банка беа одликувани со признанието Златен знак, додека првите луѓе на овие компании Вернер Хенгст и Хари Костов се закитија со признанието Златен поддржувач од страна на Црвениот Крст на Република Македонија.
Visa и Мy.US.com склучија меѓусебен договор со кој ќе се олесни интернет купувањето и испораката на производи до купувачите надвор од САД, вклучувајќи ја и Македонија.