Новости

Федерацијата на фармери (ФФРМ) заедно со своите членови деновиве реализира средби со сточарите и земјоделците низ Македонија.
Според Договорот за стабилизација и придружување, од јануари 2014 година Србија мора својот пазар скоро во потполност да го отвори за непречен увоз на земјоделско-прехранбени артикли од земјите од Европската унија.
Турската медицинска компанија Матек ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ - Бунарџик, а се планира вработување на 300 лица.
Сите корисници на при-пејд картички, кои досега не ги регистрирале своите броеви, се уште имаат можност тоа да го направат кај своите мобилни оператори, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Државниот завод за статистика денес објави дека минатата година во ноември биле издадени 232 одобренија за градење, или за 3,3% помалку во однос на истиот месец 2011 година.
Продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.
Шведскиот моден гигант H&M годинава ќе влезе на српскиот пазар, а првата продавница ќе биде отворена на есен.
Минатата година преку електронско јавно наддавање општина Илинден продаде 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни.
Топ менаџерите на телекомуникациските компании во рамките на Европската унија разговараа за создавање на пан-европска инфраструктурна мрежа. Целта е да се обединат фрагментираните национални пазари на континентот, пишува Фајненшал тајмс.
Според заедничкото годишното истражување спроведено од американската фондација Heritage и весникот Wall Street Journal, Македонија се најде на 43 место на табелата најслободни економии во светот.
Во Бугарија работат околу 2.500 грчки компании, додека во останатите земји на Балканот нивниот број е 5.000, пишува Катимерини. Грчките компании ја бираат Бугарија поради нискиот данок од 10% и евтината работна рака.
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија констатира дека движењата во економијата во државава, од аспект на монетарната политика и натаму се релативно поволни.
ЕВН Македонија започна заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија.
Хрватската влада во четврток ќе донесе одлука за основање компанија која ќе воведе ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително да го либерализира интернет пазарот.
Британските огласувачи потрошиле 36,35 долари по корисник на мобилен интернет во 2012 година, што е рекорд на светскиот пазар, според eMarketer. На второ место е Норвешка со 35,71 долар по корисник.
Владата одвои вкупно 148 милиони денари за развој и промоција на туризмот во 2013 година. Ова се за 2,5 пати повеќе средства од лани, кога беа проектирани 60 милиони денари.
Грчката финансиска полиција (SDOE) поради контрола побара отворање на 6.000 сметки во банките во рамките на истрагата за затајување на данок и корупција.
Канцеларијата на Светска Банка во Скопје соопшти дека одборот на извршни директори на банката вчера ја одобри гаранцијата за поддршка на комерцијален заем за Владата на Република Македонија во износ од 155 милиони евра.
Корисниците на Facebook од Нов Зеланд од вчера веќе го имаат новиот изглед на својот Timeline, а останатите ќе можат да ги видат промените на својот Facebook профил за кратко време, најавуваат од компанијата.
За прв пат по 10 години, со испорачани 601 авиони минатата година, американскиот Boeing е на добар пат да го претекне Airbus и да стане најдобар светски произведувач на авиони за 2012 година.
Турски инвеститори имаат намера да вложат средства во алтернативни извори на енергија во Богданци. Тие вчера се сретнаа со градоначалникот на општината, Ристо Ичков.
Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП.
Владите на Италија и Швајцарија подеднакво ќе поделат 13,8 милиони евра запленети од мафијашката организација Camorra од јужноиталијанскиот регион Кампања.
Најголемо учество од 62,5% во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6%. Во увозот на стоки најголемо учество со 58,9% имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2%.