Новости

Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи јавна расправа за предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.
Во рамките на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија утре во Тетово, во хотел Лирак, со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот модул од втората генерација на Програмата за претприемачи.
Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.
Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година.
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Корисниците на Family, Family + и Family Маx отсега ќе разговараат неограничено во најголемата мрежа на T-Mobile и T-Home корисници и ќе испраќаат неограничен број на СМС во рамките на семејството.
Целта на првата кооператива за трговија со млеко Милкооп е подобро искористување на потенцијалите во примарното млекопроизводство преку здружување на фармерите.
Во Босна и Херцеговина се подготвува приватизација на БХ Телеком и на двете електростопанства. Акциите на овие три компании што се во мнозинска сопственост на државата, според планот би требало да се продаваат на берза.
Делегација од Прилеп, заедно со стопанска делегација од истиот регион, престојува на дводневна работна посета во Турција.
Вториот модул од Тренинг програмата за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих ќе се одржи утре, среда, во просториите на CEED Македонија.
На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд Финдус, потврдија инспекциски контроли.
Ford B-MAX е изгласан за AUTOBEST 2013 на 12 по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа пред осум дена во главниот град на Грција.
Компанијата Blackberry соопшти дека својот нов производ, мобилниот телефон Z10 нема да го продава во Јапонија. Со овој потег најави и повлекување од оваа земја.
Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс ќе престане да служи алкохолни пијалоци во бизнис класата во текот на домашните летови, освен на шест одредени дестинации. Како причина за тоа ја наведуваат слабата побарувачка.
Денес во Скопје ќе бидат доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи.
Проблемот со имиџот ги тера германските туристи да бараат алтернативни туристички дестинации, како што се Турција, Италија или Шпанија.
Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено. Oва денес го изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Оние граѓани кои ќе сакаат да започнат бизнис во руралните средини на Македонија ќе добијат финансиска поддршка од Владата во висина од 50% од трошоците за започнување бизнис.
Њујорк Тајмс минатата година за прв пат остварил поголеми приходи од своите читатели, односно од продажба на печатените и онлајн изданијата, отколку од маркетингот.
Еден просечен Данец за еден час работење може да заработи до 25 евра, додека за истото време Македонецот заработува само 2,5 евра, што во споредба е за 10 пати помалку.
Авиокомпаниите US Airways и АМR се се поблиску до договор за спојување вреден 11 милијарди долари, а официјалната објава би можела да се случи во рок од една недела, пренесува Ројтерс.
Претставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе се сретнат со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.
Рено повика преку 60.000 сопственици на возилата Кoleos во Кина да дојдат во овластените сервиси поради детектирани проблеми со сензорите кои го следат нивото на гориво.
По информациите дека во млекото на хрватските млекопроизведувачи Дукат и Виндија се пронајдени опасни канцерогени материи, во неколку земји од регионот овие производи се повлечени од пазарот.