Новости

Тема на работната средба што за денес е планирана во Стопанската комора на Македонија, е имплементација на ЦЕФТА - патот за во иднина.
Предлог енергетскиот биланс за 2013 година гласи дека догодина Македонија ќе потроши 81.897 тера џули енергија. Потрошувачката ќе порасне кај сите видови енергија и енергенти, а најмногу, во однос на минатата година, ќе порасне кај природниот гас со 27.7%. Потоа ќе следат нафтените деривати со 8.3% и геотермалната енергија со 6.9%.
Од јануари до октомври 2012, стоковната размена со земјите од странство изнесува 8.602.599.000 долари, при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 илјади долари, а на извозот изнесува 3.291.878.000 долари.
Една од најголемите светски прехранбени компании, швајцарски Nestlé објави соопштение во кое најавува здружување со кинеската фармацевтска куќа Hutchison Chi-Med.
ЕВН Македонија и Комерцијална банка беа одликувани со признанието Златен знак, додека првите луѓе на овие компании Вернер Хенгст и Хари Костов се закитија со признанието Златен поддржувач од страна на Црвениот Крст на Република Македонија.
Visa и Мy.US.com склучија меѓусебен договор со кој ќе се олесни интернет купувањето и испораката на производи до купувачите надвор од САД, вклучувајќи ја и Македонија.
Германскиот енергетски концерн RWE се откажува од учество во проектот за гасоводот Набуко. RWE својот удел од 16,1% ќе и го продаде на австриската компанија OMV, со што OMV ќе стане најголем акционер во Набуко, со сопственост од 33,3%.
На својата последна седница, која се одржа вчера, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Единство АД Тетово, а дадена од Пофикс ДОО Тетово.
Словачка се подготвува да ја укине единствената даночна стапка од 19%, па од следната година богатите, политичарите и претпријатијата ќе плаќаат повисоки даноци.
Според досегашните контроли, Државниот инспекторат за земјоделство не идентификувал присуство на афлатоксини во пченката. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, соопшти дека се засилуваат контролите и се преземаат интензивни мерки за надзор на пченката што се увезува од Србија.
Хрватските градежни компании на почетокот на следната година би требало да започнат со изградба на сала за светското првенство во ракомет што во 2015 година ќе се одржи во Катар.
Германската компанија Bauhaus го откажа договорот со српската компанија Delta Real Estate. Договорот што го имаше една од водечките европски компании во сегментот “направи сам” беше врзан за изградба на првиот објект во Србија.
Поради сериозните проблеми, финскиот произведувач на мобилни телефони Нокиа ја продаде зградата во Еспо во која беше сместено седиштето, на финската Exillion Capital за 170 милиони евра.
Под покровителство на Министерството за економија, Занаетчиската комора на Република Македонија денес ги организира традиционалните Денови на занаетчиство.
Kомпанијата Тинекс донираше нови апарати за стерилизација на воздухот на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Оваа донацијата во вредност од над половина милион денари, Тинекс ја обезбеди во рамки на платформата за општествена одговорност Тинекс, ти и јас.
Рестораните Национал, Аванти и Гурмет, и гостилниците Кај Чичо 2, Капка и Галерија се прогласени за најдобри угостителски објекти во Скопје за оваа година.
Во Големата сала за седници на Советот на Град Скопје, денес ќе се одржи прогласување на најдобри угостители, ресторани и гостилници на територијата на градот, за оваа година.
Фабриката за смрзната храна Фриком од Белград, во сопственост на хрватскиот концерн Агрокор, мора да плати 2,64 милиони евра поради злоупотреба на доминантна положба на пазарот на големопродажба на индустриски сладолед на територијата на Србија.
Брзата пруга со должина од 57 километри која ќе минува низ Алпите, ќе ги поврзува Лион во Франција и Торино во Италија, а нејзината изградба ќе чини 26 милијарди евра.
Влијаат ли пријателствата и познанствата стекнати во текот на школувањето во пронаоѓањето на работа и во развој на кариерата? Порталот EduCentar спроведе анкета, на која 61% одговориле негативно.
Со новиот развоен буџет кој треба да го изгласаат советниците од Советот на Општината, Битола ќе добие стопански и економски развој, но и подобри инфраструктурни услови, грижа за социјалата, соодветни услови за образование, како и капитални инвестиции.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека македонско-бугарската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај, потпиша протокол со кој е договорено годинава да се размени дополнителен контингент од 50 транспортни дозволи за и од трети земји.
Продажбата на нови автомобили во Франција стрмоглаво опадна за 19,2% во однос на претходниот месец, додека во периодот од 11 месеци годинава, заклучно со ноември, опаднала за 13,9%.
Причината за огромната кршливост на оризовото зрно што годинава ги затече производителите, се уште не е утврдена. Како што се вели, забележано е преполување на приносот и никакви мерки не би ја надоместиле загубата.