Новости

АД Електрани на Македонија се стекна со сертификат ISO 14001:2004.
Вип оператор во соработка со Самсунг, Еферио и ПСМ Фондација, го отворија новиот Предизвик за програмерите за создавање на нови иновативни апликации.
Британскиот производител на оружје БАЕ системс и европската авиоиндустрија ЕАДС преговараат за можно спојување, што би можело да доведе до основање на глобален лидер во областа на воздухопловството, одбраната и безбедноста.
Во земјава во првите осум месеци од годинава се отвориле 6.000 нови фирми, а се затвориле 4.000 фирми.
Зголеменото ДДВ нема да ги зголеми цените, уверуваат властите во Србија
Во Белене над 80% бил завршен атомски реактор, кој наместо да биде довршен целосно и да носи приходи, бил демонтиран и продаден на Русија, на хартија за 200 милиони евра, но досега се добиени 78 милиони евра, велат економски експерти во Бугарија.
Зголемен е бројот на туристи во Бугарија поради ниските цени во септември што ги нудат агенциите и хотелите. Новите цени го прават морето достапно и за луѓето со пониски доходи.
Фирми се почесто сакаат да им се плаќа во аванс или да ги добиваат парите веднаш откако ќе ја испорачаат стоката. Плаќање на одложено никој не го прифаќа, велат бизнимените во Бугарија. Главната причина за тоа е недостатокот на доверба поради кризата.
Влезот на Хрватска во еврозоната ќе донесе повеќе корист отколку штета, смета гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујучиќ.
Во првите десет земји најдобри плаќачи меѓу компаниите на сметките и другите обврски во дадениот рок во текот на месецот се Романците.
Нема да се зголемува данокот на додадена вредност како што тоа го направија другите држави, дециден е првиот финансиер Зоран Ставрески.
Новиот инструмент задолжница не може да им помогне на фирмите со блокирани сметки, но министерот Ставрески најави дека многу скоро ќе излезат со решение како да се исчисти базата на податоци од фирмите кои не работат со години, а само фигурираат во регистарот.
Почна да функционира новиот инструмент задолжница. Во изминативе десетина дена издадени се две задолжници во вредност од 24 милиони денари или 390 илјади евра. Ова вчера го објавија министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски.
Mинистерот за финансии Зоран Ставрески ја расчисти дилемата дека всушност тутунарите можат мирно да спијат, бидејќи земјава нема да се придржува до препораките.
Германскиот Уставен суд го отвори патот за спас на еврозоната, со одлуката дека Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) е легален.
На тендерот, кој го објави Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, италијанската фирма ги победи останатите четири компании со тоа што понудила најниска цена за изградба на катната гаража од фантастични 4 милиони евра.
Запознавање со програмите, претставување на партнерските компании и можностите за вработување, тестирања за стипендии, наградни игри за попусти, презентации за родители и бесплатен автобуски и такси превоз за посетителите на Отворените денови.
Со цел да се запознаат со начинот на организираност, капацитетите и развојните можности на Одделите за кардиологија и кардиохирургија, медицински тим од 40 руски кардиолози ја посетија Клиничката болница Аџибадем Систина, како здравствена институтција која важи за еден од референтните кардио- центри во регионот.
Вип оператор, компаниите Самсунг, Еферио и Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ) ќе објават конкурсот за вториот Вип Македонски предизвик за развој на локално применливи Android апликации.
ТАВ има амбиција Александар Велики да го претвори регионален аеродром што ќе опслужува дури 4,3 милиони патници годишно.
Во Хрватска, секој вработен во реалниот сектор на својот грб носи 1,8 пензионери, службеници и невработени.
Дури 332 концесии за изградба на хидроелектрични централи издала албанската влада досега. Производните капацитети изнесуваат 1.450 мегавати, додека вредноста на нивните инвестиции достигнува над две милијарди евра.
Во Цеље од денеска до 14-ти овој месец се одржува Саемот за мало стопанство.
Халк банка отвори своја филијали и во Штип, со што бројката на експозитури на банката во земјава се искачија на 23 .