Според Државниот завод за статистика на територијата на Република Македонија во 2012 година биле евидентирани вкупно 126 радиодифузери, од кои 68 емитуваат радиопрограма, а 58 телевизиска програма.
Започна изградбата на третиот мост на Босфорот кој ќе ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул. Новиот мост ќе го носи името Јавуз Султан Селин, по отоманскиот султан кој владеел од 1512 до 1520 година.
На десеттото издание на Саемот, на заеднички павиљон се презентираат винариите Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула, соопшти Министерството за земјоделство.
Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје продолжува со традицијата за регионално лидерство при имплементација на нови алатки и функционалности во тековното работење.
Американско списание Форбс ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваат, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија.
Google наводно се вклучи во трката со Facebook за преземање на фирмата Waze, специјализирана за навигација на мобилни уреди.
Во организација на амбасадата на Република Македонија во Шведска, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Turkish Airlines, вчера во Охрид за првпат се одржаа бизнис средби на тур-оператори од Шведска и Македонија.
BalCannes Yellow Pages е замислена како револуционерна база преку која огласувачите ќе можат да ги пребаруваат агенциите и нивните проекти, за на поедноставен начин да можат да одберат агенција која ќе им пружи најдобра маркетинг поддршка.
Главна цел на Регионален агробизнис форум што вчера се одржа во Скопје беше размена на искуствата и анализа на предизвиците во делот на земјоделството и агробизнисот со кои се соочуваат земјите од регионот пред и по нивното зачленување во Европската Унија.
Меѓу можните купувачи се споменува и Ерсте банка, која преку компанијата Erste Card Club има франшиза за Diners во Хрватска.
Препаратот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во кесички), превентивно се повлекува од аптеките.
Измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои беа усвоени на последната седница на Владата на Република Македонија се поквалитетна заштита на интересите на правните лица, на друштвата и претпријатијата, унапредување на правата на лицата во нив и на акционерите, а со цел поттикнување на акционерскиот активизам.
Владата на Црна Гора донесе одлука за зголемување на стапката на ДДВ од 17% на 19% и задржување на ниската и нултата стапка на исто ниво. Се очекува оваа мерка на државата да и донесе приход меѓу 37 и 40 милиони евра.
Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4%.
Едукативниот и развоен центар на Seavus организира четиринеделна летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.
Бизнис делегација од Унгарија предводена од Атила Галамбош, претставник на стопанската комора на Унгарија, вчера се сретна со градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, со кого договорија календар на активности за заедничка соработка.
Во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. Водњанска бр.1, денеска со почеток во 19.00 часот ќе се одржи хуманитарна продажба на уметнички дела од реномирани македонски уметници, со што НЛБ Тутунска банка ја продолжува традицијата на подржувач на уметноста и хуманоста.
Борса Истанбул ќе преземе 30% од Црногорската берза, а заинтересирани се да купат удел и во Белградска берза. Турците имаат намера да ги поврзат сите берзи во регионот.
Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески вчера оствари средба со вршителот на должноста амбасодор на Катар во Република Македонија, Мохамед Рашид Х. Субах.
Во Бугарија 49% од луѓето живеат во ризик од сиромаштија, а 60% трпат материјална беда. На спротивниот крај на графиконот е Чешка, каде во ризик од сиромаштија е само 15% од населението.
Просечната месечна исплатена бруто - плата по вработен во март 2013 изнесува 31.185 денари, а во овој месец плати не примиле 2,6% од вработените во Македонија.
Петте национални телевизии и една регионална (ТВ ЕДО) до денес се поврзани на дигиталната платформа на телекомуникацискиот оператор ОНE, преку која во сабота треба да стартува дигитализацијата на телевизиските програми и комплетно да биде исклучен аналогниот сигнал.
Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.
Македонија е лидер во регионот во спроведувањето на електронските аукции за јавните набавки и заштедите што при тоа ги генерира.










