Според Државниот завод за статистика прометот во македонската индустрија во октомври 2012 година, во однос на истиот месец минатата година бележи намалување од 20.9%.
Една од најпознатите компании која овозможува плаќање по пат на интернет, PayPal, кон крајот на овој месец ќе ги затвори канцелариите во Хрватска.
Секоја година преку 32.000 луѓе ја напуштаат Србија, а најмногу од нив одат во Германија, околу 9.000. Австрија е втората ветена земја, а Словенија третата најпожелна “втора татковина” за Србите.
Сопственикот на Полиестердеј - Скопје, Филип Спасовски, беше избран најдобар претприемач на годината во категоријата мали претпријатија, додека втор во оваа категорија беше прогласен Сервет Ќазими, сопственик на млекарницата Сентис АГ.
Започна сериското производство на третата генерација на моделот “Октавија” на Шкода, а се очекува на европскиот пазар да стигне на крајот на јануари 2013 година.
Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, вчера на брифинг изјави дека две компании поднеле барање за сите три лиценци, додека една компанија била заинтересирана само за лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија.
Поради временските услови распоредот на вчерашните и денешните летови на аеродромот Александар Велики е променет, стои во соопштението на концесионерот на аеродромот ТАВ холдинг.
Во општина Штип започна постапката за формирање на ново јавно претпријатие за гасификација на градот и индустриската зона.
На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги подржува барањата на вработените во ОХИС.
Граѓаните на Србија плаќаат најевтина струја во југоисточна Европа, а електричната енергија во оваа земја е напола поевтина отколку во земјите во регионот, покажува мини истражувањето на агенцијата Анадолија.
Најбарани професии на босанско-херцеговскиот пазар на труд се оние што се врзани со ИТ секторот, односно најпожелни се дипломирани инженери по информатика, електроника и телекомуникации.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании е 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120.
Ниското ниво на инвестиции како и прекумерната задолженост на бугарските компании остануваат главни проблеми на бизнисот во 2012 година, а се очекува да се задржат и во текот на 2013 година.
Повеќето претприемачи во Хрватска сметаат дека нивната деловна ситуација е лоша (46,1%), со ситуацијата се задоволни 35,9%, а на оние на кои добро им одела работата во ноември се 18%, покажува Хендал – Лидеровиот индекс на деловен оптимизам (HLIPO).
Американскиот произведувач на козметика Авон во рамките на стратегијата за штедење ќе укине 1.500 работни места, што е околу 4% од вработените. Воедно, Авон ќе се повлече од два азиски пазари – јужнокорејскиот и виетнамскиот.
Во рамките на манифестацијата Претприемач на годината, Сојузот на стопански комори на Македонија денес ќе ги избере најдобрите претприемачи во земјава.
Македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus, успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред 2 месеци.
Владата на Србија одлучи на почетокот на 2013 година да објави меѓународен тендер за продажба на фармацевската компанија Галеника, изјавија денес од Министерството за финансии и економија.
Топ пет дестинации во светот се Париз, Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур, објави Светската туристичка организација при ОН.
“Планираме да изградиме најмалку 800 регионални аеродроми во градовите со преку 100.000 жители”, најави претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде одржан Форум на тема Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари.
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард најави дека на почетокот од следната година ММФ треба да ја заврши ревизијата на сопствениот пакет помош за Грција.
Топлификација вчера информираше дека до денес ќе ги исплати долговите кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември, ќе бидат исплатени.
Македонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век.










