Директорот на Гаспром Алексеј Милер и трговскиот управник на крањската телекомуникациска компанија Комита, Аљоша Иванчич, потпишаа акционерски договор за основање нова компанија South Stream Telecom AG.
Најскапо гориво во регионот точат граѓаните на Словенија и Србија, бензинот е најевтин во Босна и Херцеговина, а дизелот е најевтин во Македонија.
Министрите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договорија до 2020 година грчкиот долг да го намалат на 124% БДП. По 12 часа преговарање, министрите за финансии од еврозоната и ММФ најдоа заедничко решение, па во декември ќе почне да и се исплаќа финансиската помош на Грција.
Народната банка на Србија (НБС) наскоро ќе понуди конкретни решенија за спорните и ненаплатливи кредити. Постојат неколку идеи, а една од нив е оваа категорија на кредити да се преместат во некоја посебна банка.
Бугарската компанија Булгартабак испрати писмо со намери во кое е наведено дека се заинтересирани за купување на фабриката за тутун Бања Лука и дека ќе направат квалитетна социјална програма.
Во индустриската зона Јалшевац, Јастребарско, во близина на Загреб, отворен е првиот DataCross центар за податоци, единствен од таков вид во регионот.
Паѓа цената на недвижнини во Словенија, покажуваат податоците од последниот квартален извештај на словенечката државна геодетска управа (ГУРС).
Хрватската фармацевтска компанија ФармаС започна со производство на лекови во новоотворената фабрика во Зрењанин. Во фабриката има лабораторија за испитување на квалитетот на лековите, потполно автоматизирано производство и магацински, техники и канцелариски простории.
Освен категоријата топ менаџери, кои во просек имаат 107% повисока плата во однос на просекот, најплатени се работните места во телекомуникациите (+53%), а потоа во областа на технологијата и развојот (+45%).
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би требало до крајот на годината да ја деблокира новата транша помош за Босна и Херцеговина во рамките од планот за помош од 405,3 милиони евра одобрени за оваа земја во септември, објави седиштето на фондот во Вашингтон.
Турската компанија за телекомуникации Турк Телеком објави дека дала неофицијална понуда да ги купи бугарските мобилни компании Космо Бугарија Мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
Во индустриската зона Мали Бајмок, до следната пролет ќе биде завршен погонот на италијанската текстилна индустрија Calzedonia. Веднаш потоа ќе започне изградба и на погон на австрискиот произведувач на накит, Swarovski.
Српскиот пазар на капитал е во криза и работи можеби во најтешки околности во својата понова историја, оцени директорката на Белградската берза, Гордана Достаниќ.
Загубите во словенечкиот банкарски сектор пред оданочувањето, во првите девет месеци од оваа година изнесувале 76 милиони евра, објави словенечката централна банка.
Министрите за финансии од еврозоната не се договорија за новата транша помош за Грција и најавија дека повторно ќе се сретнат во понеделник. Непостигнувањето на договор ги разочара и инвеститорите, па утрово на европските берзи е забележителен благ бад на цените на акциите.
Хрватската Адрис група е заинтересирана за купување на удел во најголемата словенечка осигурителна компанија Заваровалница Триглав. Оваа компанија од Ровињ претходно покажа интерес и за купување на најголемиот хрватски осигурувач Кроација осигурување.
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е прогласен за виновен по првата точка од обвинението за примање поткуп од Hypo Banka и неправосилно е осуден на 10 години затвор.
Словенечката компанија за производство на бела техника, Горење, извести за пад на добивката од 6,4 милиони евра, прв пат од 2009 година.
Плаќањето на сметки е најчестата причина поради која Бугарите земаат кредити, соопшти финансиската институција Изи кредит, пренесуваат бугарските медиуми.
Хрватската фармацевтска компанија Плива инвестира 200 милиони долари во два нови погони, еден во Савски Мароф, другиот во Загреб.
Изградбата на најголемиот соларен парк на светот, во кој ќе се инвестираат 1,75 милијарди евра, ќе почне да се гради на југот на Србија во април 2013 година, изјави за Танјуг менаџерот на инвестицискиот фонд Securum Equity Partners, Иван Матејак.
Профитот на турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс во првите три квартали скокна на 480,8 милиони долари, што е неверојатен раст од 655% во однос на истиот период минатата година.
Лидл и Икеа, двете долго најавувани трговски куќи кои преку две години чекаат на стабилизација на цените на пазарот и отстранување на недостатоците во снабдувањето, доаѓаат во Србија.
Просечната нето плата за месец септември исплатена во месец октомври во Словенија изнесувала 972,73 евра, што е номинално 1,3% помалку од лани