Пред неколку години, дигитална берза од Токио пропадна по хакерски напад во којшто изгуби 400 милиони долари.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметува индексот по новиот состав е 29.01.2018 година.
Се очекува со оваа иницијална јавна понуда на акции да се соберат 15 милиони евра, коишто ќе бидат инвестирани во втората фаза од ветерниот парк Кошава, којшто има капацитет од 117 MW.
More money претставува платформа што користи вештачка интелигенција за пружање паметни совети за донесување одлуки поврзани со управување со лични финансии.
Најниска основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040 денари (50% од 34.079).
Шпаркасе Банка Македонија ја додели главната награда од наградната игра Happy Monday, којашто беше организирана во периодот од шести ноември до 31-ви декември, за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard.
Министерството за финансии на аукцијата одржана на 23.01.2018 година издаде државни хартии од вредност во износ од 23,98 милиони евра.
Во групата, во којашто Македонија е 25-та економија во светот, лидери се: Литванија, Унгарија, Азербејџан, Латвија и Полска.
Џером Пауел ќе стане 16-от претседател на американската централна банка (Federal reserve – FED), откако Сенатот на САД ја потврди неговата позиција.
Компаниите се запознаа со придобивките од новиот канал за прекугранични плаќања во евра, односно како можат да извршат поевтини, брзи и сигурни плаќања во евра.
Состојбата ќе може да ја согледаат откако ќе завршат роковите за поднесување на годишните извештаи од исплатувачите на приходи и обработката на годишните даночни пријави за остварени дополнителни приходи.
Клиентите можат да аплицираат за износи на кредити до 60.000 денари, со рок на исплата до 12 месеци од било кој уред, мобилен телефон, таблет или компјутер и од каде и да посакаат.
Компанијата за градежништво, инженеринг, трговија и услуги, Бим инвест инженеринг од Штип се откажува од намерата за преземање на Бетон од Штип.
Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември е евидентиран висок месечен раст од 6,3%, којшто најмногу произлегува од зголемување на денарските депозити.
Собраните пари ќе бидат искористени за технолошки развој на платформата, добивање на потребните дозволи, зајакнување на тимот и поставување на важни меѓународни партнерства.
ДДВ обврзниците кои добиле барање од УЈП, при поднесување на Пријавата за ДДВ-04 за даночните периоди (01.10-31.12.2017 и 01.12-31.12.2017) не треба да достават Табеларен преглед со влезни и излезните фактури во прилог на даночната пријава.
Колку порано детето научи како мудро да управува со парите, толку полесно ќе се соочува со финансиските предизвици кога ќе порасне.
Банкарска дознака претставува налог што една банка го издава на друга за исплата на одреден износ на пари на трето лице.
Од 2019 година сакаме да почнеме со среднорочно буџетирање, да излеземе од рамките во коишто се планира само тековната фискална година и да имаме план за следните три или четири години, најави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Охридска банка Сосиете Женерал информира дека поради планирани системски интервенции, можни се прекини во електронското и мобилното банкарство.
Соберете пред сите е еден од производите на Стопанска банка а.д. Битола што на клиентите им нуди соодветно решение при вложување на нивните средства.
Согласно трендовите и згаснувањето на Windows како мобилна платформа, Стопанска банка ќе се насочи кон подобрување и дополнителен развој на апликацијата на најпопуларните оперативни системи Android и iOS.
УЈП ги информира организаторите на зелени пазари дека имаат обврска да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари.
Вкупниот промет на Македонска берза во текот на минатата година се позиционираше на 4.738.444.919 денари, што е за 56,73% повеќе во однос на 2016 година.