Акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 26-ти ноември.
Македонијатурист во деветте месеци од оваа година евидентираше добивка од 83.039.000 денари.
УЈП отвора два нови шалтери за регистрација на системот е – ПДД и прием на барања за регистрација во Кисела Вода и Гази Баба.
Поголем дел од тој износ претставува неодамнешната продажба на мнозинскиот удел во NLB, а меѓу подобрите години беа 2014 и 2016, кога се продадени неколку големи компании: Helios, Аеродром Љубљана, Cimos и Нова кредитна банка Марибор.
Цементарница Усје, во периодот јануари – септември оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 778.826.000 денари.
Во даночните периоди од 2018 до 2024 година, пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.
Исплатата на дивиденда на акционерите кои имаат право на дивиденда, ќе отпочне од датумот на пресек, односно од 06.12.2018 година.
Истиот период претходната година, компанијата евидентираше загуба од 14.724.000 денари.
Во октомври, кредитите на корпоративниот сектор остварија минимална месечна нагорна промена од 0,1% при што зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари е само делумно неутрализирано со падот на девизното кредитирање.........
За овие учесници на пазарот на акции, разликата меѓу куповната и продажната цена (таканаречен распон на цени), е основен извор на заработка.
Учесниците во овој Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници.
Висината на дивидендата, како што се наведува, бруто по акција ќе изнесува 2,872% од номиналната вредност, односно 88,89 денари бруто по акција.
Во текот на деветте месеци лани, компанијата прикажа загуба од 35.636.000 денари.
Финтел Енергија од инвеститорите на пазарот собрала околу 6,3 милиони евра наменети за понатамошен развој на компанијата и ширење на мрежата на ветерници во Србија.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 24.355 денари, додека во бруто износ е 35.794 денари.
Апликацијата овозможува не само да се добијат бројки од буџетот, туку истовремено има и објаснувања за самите ставки, како и споредби со изминатите години со што се добива јасна слика за буџетот.
Учеството на нефункционалните кредити е намалено, а кредитните ризици се добро обезбедени.
Централна кооперативна банка, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка во висина од 6.283.000 денари.
Окта го одржа високиот обем на продажба и пазарен удел во третиот квартал од 2018 година, додека забележа намалена профитабилност пред сè поради повисоките дисконти кои се резултат на промените во структурата на плаќање.
Играта Заработете и штедете е замислена, преку забава, да предизвика поголем интерес кај младата популација за штедењето и финансиите и со тоа да го збогати нивното знаење од оваа област.
Тутунски комбинат од Прилеп, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа загуба во висина од 232.241.000 денари.
Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 3.569.000 денари.
Охридска банка Сосиете Женерал во текот на деветте месеци од оваа година прикажа добивка во вредност од 531.571.000 денари.
Позитивните придвижувања во најголем дел се одраз на растот на корпоративните депозити, а позитивен, но помал придонес има и штедењето на домаќинствата.