Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, стапката на слободните работни места изнесува 1,58%.
Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија денеска на седница ќе го разгледа Предлог - енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година.
Денеска истекува рокот кога компаниите имаат обврска да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и документарен материјал со рокови за чување до Архивот на Македонија.
Учесници на Конференцијата за млади лидери Предизвици и можности за балканското лидерство денес, се претставници на петте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува на годишно ниво од 2010 година
Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани.
Стапката на сиромашни лица во 2012 година е 26,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонија ќе има полза од експертизата на експертите на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити.
За вкупно 96,4% е зголемен превозот на стоки по воздухопловен пат во третото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Регионална конференција за женско претприемништво - добри практики и вмрежување денеска ќе биде отворена во Мулти бизнис центарот на Скопски саем.
Првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој, кој се одржа вчера во Форца, помина во опуштена атмосфера, со многу интересни теми и одлични спикери.
ЕФА Универзитет за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА Париз - Скопје - Њујорк ќе додели две стипендии во вредност од по 3.000 евра во рамки на четвртото издание на Фестивалот за анимиран филм Анимакс Скопје Фест.
Текстилни компании од Македонија и од Србија преку вмрежување заеднички ќе настапуваат пред европските партнери.
Посетителите ќе можат да уживаат во вкусот на околу 200 различни вина од домашните винарии, но и да пробаат странски, пред се, италијански вина.
Најголемо учество во бруто домашниот производ на Македонија во 2012 година има Скопскиот регион со 42,8%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,5.
Овој настан е замислен како двонасочна комуникација - пораките и ставовите на индивидуите ќе бидат снимени од РСС и преку оваа институција ќе бидат претставени до нивните Влади.
Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година како непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на истиот период лани.
Пити, колачи, компоти беа на трпезата на хуманитарниот базар Есента дарува - хуманоста царува, приготвени од родители и деца од градинката Снежана во скопската населба Чаир.
Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе одржи Годишно собрание.
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска се одбележа ЕУ Недела за помалку отпад, која трае од 22 до 30 ноември и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад.
Бруто домашното производство на електрична енергија во септември оваа година учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Народната банка ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Стрелец и Јарец од серијата Хороскопски знаци.