Трошоците на живот во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, а цените на мало бележат намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Отворањето ќе биде в среда, на 10-ти декември, во 10 часот во просториите на поранешен Family shop, во близина на Собранието.
Невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот парламент на ФИНКИ организираат еднонеделна работилница за креирање и развој на мобилни апликации Code App, Level Up 2.
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место за изградба на градби со намена В3 за филмско производство Филмски град, со компатибилни класи на намена.
Гарантен фонд за 100-процентна финансиска поддршка на земјоделците во насока на искористување што повеќе средства од ИПАРД фондовите.
Целта на Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост е да го зголеми учеството на лицата со попреченост во општеството преку обезбедување на помош при наоѓање на работа.
Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од оваа година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,3%.
Со задолжување од 145 милиони евра треба да се се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.
Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори кои работат во Македонија преку проектот што почнува да го реализира Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Конференција на тема Управување со пакување и отпад од пакување - како до исполнување на националните цели, ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија.
Зголемена моќност на моторот, чистење на системот на вбризгување, намалување на потрошувачката, како и на емисијата на штетни издувни гасови во атмосферата - во сите овие карактеристики на горивото Екто на Лукоил се пронајде и Порше.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до октомври оваа година, изнесува 1.944.887.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Неколку македонски компании кои се учесници на Eкономскиот балкански форум во Софија, ќе ја прошируваат деловната соработка со бугарски компании. Менаџерите на Алкалоид, Адинг, Свислион, Заралогистик и Ариљеметал денеска ќе имаат Б2Б средби со повеќе бугарски компании.
Тркалезна маса на тема Одлив на работна сила од ИКТ секторот ќе се одржи денеска во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Раст бележат и депозитите и кредитите, кои се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси.
Народната банка денеска беше домаќин на четвртиот регионален состанок на супервизорските органи од регионот.
Coincasa предлага производи што не се карактеризираат со конвенционалните божиќни и новогодишни симболи, што овозможува истите декорации да се користат во текот на целата зимска сезона.
Нови инвестиции на шест градежни парцели во локалните економски зони во општина Илинден, се реализираат со ноемврискиот циклус на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште.
Прирачникот е резултат на двегодишна работа на двајца психотерапевти, поддржани од Комерцијална банка, кои развија специфична методологија за работа со жени жртви на семејно насилство.
Тема на овогодишниот Финекспо се Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија.
Сојузот на стопански комори на Македонија организира тркалезна маса на тема Поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи.
Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пред платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј дистрибуираа едукативни материјали и кондоми Дурекс за студентите.











