Во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, цените на тековно потрошени средства во земјоделството бележи намалување од 4%.
Прилепскиот тутунски комбинат денеска почна со откупот од годинашната реколта. Дневно ќе се откупуваат од 50 до 60 тони тутун, а парите за исплата на тутунарите се обезбедени.
Продажните цени на производителите на индустриски птоизводи во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, додека во споредба со истиот период лани, тие бележат намалување од 1,2%.
Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период минатата година, забележа пораст од 21,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија е тема на деловниот појадок што се одржува денеска во Тетово, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Стапката на невработеност во третото тримесечје од оваа година е 27,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од оваа година забележа раст од 4,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември, на месечно ниво се пониски за 0,3%, додека за 0,6% се повисоки на годишно ниво.
Бројот на туристите во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Агенцијата за катастар на недвижности денеска доби сертификат за функционалност на информацискиот систем од Министерството за информатичко општество и администрација.
Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива во отсуство на ценовни притисоци.
Реномираната компанија Меркур Трејд за сите купувачи на брендовите од светската компанија Reckitt Benckiser организира наградна игра.
Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.
Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно - правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8:30 до 19:00 часот.
Во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустриjалци и бизнисмени од Досемеалти - DÖSİАD на Анталија, денеска во Скопје се одржува македонско - турски бизнис форум.
Твининг проект - Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во октомври оваа година изнесува 1.104.918.000 денари, што е зголемување за 3,9% во споредба со истиот период минатата година.
Прометот во трговијата на големо по производи во 2013 година изнесува 147.241.830.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври оваа година се издадени 241 одобренија за градење, што е за 63,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На површина од 1.400 метри квадратни, овој малопродажен салон нуди асортиман од 15.000 најразлични производи за домот.
Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43,3 милиони денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот.
Тера Мадре е мрежа лансирана од меѓународната организација Слоу Фуд во 2004 година. Обединува заедници за храна од 160 земји кои ја споделуваат визијата за традиционално производство.
Денови на занаетчиството е заеднички проект што од 2010 година го реализираат занаетчиските комори на Македонија и на германски Кобленц.
Се уште невоспоставените директни авиолинии во регионот значително го кочат развојот на туризмот. Од друга страна, состојбата во секторот не може реално да се согледа поради немањето доволно статистички податоци, а тоа, според Стопанската комора на Македонија, е евидентно во сите земји членки на ЦЕФТА.