Македонски Телеком и Градот Скопје се подготвени да започне одбројувањето на последните денови од 2014 година и на најдобар начин да го организираат пречекот на новата 2015.
Со средствата од кампањата се набавени оптички влакна, музички ракавици, базен со топчиња, трамбулина и други реквизити, што се користат за вежби за сензорна интеграција на децата што го посетуваат овој центар.
Податоците за третиот квартал од оваа година упатуваат на раст на домашната економија, но со малку позабавена динамика, што е во согласност со октомвриските проекции.
Македонската асоцијација на рударство (МАР) денеска, на седница во Стопанската комора на Македонија, ќе ги презентира остварените резултати.
На 31-ви следниот месец истекува законската обврска за воведување фискален систем на опрема со вграден GPRS уред на сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги, чии плаќања се извршуваат во готово.
Предвидено е полагањето да се снима и во живо да се емитува на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски.
Стопанската комора на Македонија очекува и 2015 година да биде тешка, но и покрај тоа македонските компании добро да се снајдат исто како што направија годинава.
Графит цртачите ја внесоа колоритноста и разиграноста во просториите на дневниот центар како дел од кампањата „За хуманоста да стане навика“ што ја спроведува компанијата Натусана Македонија.
Собраните средства од настанот беа наменети за отворање на Дневен центар за деца со аутизам.
Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во Словенија и една од најголемите во Југоисточна Европа, проценува дека на нејзиното работење во 2015 година ќе влијае сложената економска ситуација на целните пазари.
Коста Петров, основачот и извршниот директор на македонскиот супербренд Пи Ворлд, втора година по ред се најде на листата на 30 највлијателни личности во индустријата за настани во Централна и Источна Европа, составена од престижниот магазин Конгрес.
Првата конференција за зелена градба во земјава се одржува денеска во организација на Македонскиот совет за зелена градба со поддршка од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
МЕПСО започнува со изградба на нов 400 киловолтен далекувод од трансформаторска станица Штип до македонско-српската граница.
Во фабриката ќе се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња наменети за извоз на европскиот пазар. Производството се планира да почне во вториот квартал следната година.
Во третиот квартал од оваа година, растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%, беше утврдено на седницата на Советот на Народна банка на Македонија.
Преку подобрување на термоизолацијата и замена на старите системи за греење со модерни енергетски-ефикасни печки во нивните општински згради – како и преку користење енергетски-ефикасни сијалици на уличните светилки, заедницата ги намали трошоците и емисиите на стакленички гас.
Со внесување на празничната магија и украсување на нивните простории со Новогодишни и Божиќни мотиви, компаниите успеаја да го донесат позитивниот дух на претстојните празници во училиштето.
Македонската асоцијација на преработувачи промовираше извозен каталог на англиски јазик, со детални податоци за компаниите од оваа индустрија и нивните производи, смрзнато, сушено и конзервирано овошје и зеленчук.
Работилница за проектот Поддршка на националната програма за консолидација на земјоделско земјиште, што се остварува во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Македонски Телеком и Т - Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата - обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.
Комисијата за берзански индекс на Македонската берза за берзански индекс направи редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
Тркалезна маса за тоа како македонските компании можат да ја подобрат конкурентноста и да промовираат култура на континуирано подобрување преку подобрени практики за управување со енергијата.
Компанијата, која што се занимава со санитетски материјали за медицински цели, ќе изгради деловно - магацински објект со површина од 1.000 метри квадратни, чија вредност би била над 500.000 евра.
На најуспешните претприемачи за микро и мали претпријатија ќе бидат доделени награди, а Министерството за економија ќе додели посебна парична награда за најиновативна компанија од технолошки аспект.











