Од Управата за јавни приходи информираат дека годишните извештаи за персонален данок на доход се поднесуваат до 31 јануари оваа година.
Најголем дел од поплаките на граѓаните, во текот на изминатата 2014 година, се однесуваа на неквалитетни технички производи и гаранција и сервисирање на истите.
Трошоците на живот во декември, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, додека кај цените на мало има намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според вкупниот обем на надворешно - трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Цените на угостителските услуги во декември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Годинава, според директор на јавното претпријатие, Марјан Героски, има и нова програмска понуда, привлечна за скијачите и рекреативците, кои ќе престојуваат на ски-терените лоцирани на надморска височина од 1.100 метри.
Поради лошите временски услови и ниските температури од денес привремено ќе бидат укинати возовите со број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје - Кичево-Скопје.
Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави оглас за користење средства за помош за маркетинг на земјоделските производи и преработени земјоделски производи.
Во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители 11 Октомври и заедно со волонтерите вработени во Т - Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година.
Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница.
Бројот на работниците во индустријата, во ноември оваа година во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноќните часови меѓу 27 и 28 декемви, при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
До крајот на следниот месец,Катастарот ќе го пушти во употреба регистарот на цени на недвижности. Во тек се финални тестирања на системот, а ќе се извршат и обуки на нотарите со цел правилно по електронски пат да се доставуваат податоците до Катастарот.
Во втората половина на јануари 2015 година ќе биде објавен Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија денеска ќе промовираат едукативни летоци наменети за потрошувачите.
Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 5,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со отворање на Beauty Lounge центарот Prive, пристигна и револуционерниот Зерона ласер во Македонија.
Економската состојба во ноември оваа година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на истиот период лани, покажуваат оценките на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија.
Сите даночни одделенија на Управата за јавни приходи (УЈП) во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија, од први јануари, ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и во сабота до 14 часот.
Оглас за обуки за туристички водичи и придружници, како и за обезбедување, е во тек во Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ).
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 677.413 МWh електрична енергија, 7.213 мил. nm3, природен гас, 522.040 тони јаглен и 83.138 тони нафтени продукти.
Мултимедијалната публикација Модна индустрија - технологија и креативност ќе биде промовирана денеска во Штип од страна на текстилно трговското здружение - Текстилен кластер.
Официјалната бројка на рекламации е мала, а причината за тоа според Агенцијата е сложената постапка за поднесување рекламации за која најавува поедноставување.











