Јавна презентација на мерките и активностите на процесот на окрупнување на земјоделското земјиште ќе се одржи денеска во Свети Николе.
Растот во Македонија се должи на јавните инвестиции и на извозот поврзан со странските директни инвестиции.
Книга во секој дом – предизвик и инспирација за Клуб Матица, овој пат фокусирана на македонскиот збор, слово и книга.
Промоција на првото печатено издание на Белата книга на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Како програма, Еразмус плус им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Во трговијата на мало, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 2,1%, а реално за 1,9%.
Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември се пониски за 0,5% на месечно ниво, а 1,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонската економија годинава ќе има раст од 3,5%, наредната 3,8%, а во 2017 година 4%, предвидува Светска банка во најновиот извештај.
Цените во земјоделството во декември оваа година, во однос на претходниот месец, кај инпутот е намален за 6,4%, а кај аутпутот за 6,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска Системболагет објави тендер за набавка на македонско црвено вино од сортата Вранец, информираат од Агенцијата за странски инвестиции.
Националната агенција за европски образовни програми и моблност од 2014 до 2020 година во име на Европската комисија децентрализирано ја управува програмата Еразмус плус во Република Македонија.
Со оглед на промените во очекувањата кај цените на нафтата, тековно постојат надолни ризици во однос на проектираната инфлација за 2015 година.
Втора генерација е вино од визбата „Попова кула“ од Демир Капија - вранец, каберне совињон и пино ноар. Увозник е фирмата Земја на сонцето/The Land of Sun. Засега може да се најде во неколку бутици на Системболагет во Стокхолм, Гетеборг и Кунгсбака.
Договор за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид, за период од 2015 до 2018 годиа, беше потпишан денеска меѓу Министерството за транспорт и врски и нискобуџетната авиокомпанија Визер.
Девизните резерви на крајот на 2014 година беа на ниво од 2.432.200.000 евра, што во споредба со истиот период лани, претставува зголемување од 439.200.000 евра.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември се пониски за 3,7% на месечно ниво, односно 3,8% на годишно ниво.
Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо, опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, и џ.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во ноември оваа година изнесува 704.527.000 денари, што е намалување од 57% во однос на истиот период лани.
Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Македонската енергетска асоцијација, денеска ќе се одржи расправа на тема - Работна верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година.
Град Скопје денеска ќе додели сертификати за авто - такси возачи. Сертификати ќе добијат кандидатите кои ја завршиле обуката и го положиле испитот.
Во ноември минатата година се издадени 281 одобрение за градење, што претставува 54,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Долговите на должниците се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.