Во Македонија се промовирани првите вински советници кои по спроведената обука добија сертификати за стекнатите знаења и вештини за винскиот сектор.
Да се укине надоместот за користење геотермални води (седум денари за метар кубен) и обврските за нивно реинјектирање назад, во изворот, откако ќе бидат употребени за загревање.
За финансиска поддршка на огласите што е предвидено да се објават, може да се пријават сите домашни земјоделски компании кои планираат да ги продадат своите производи на странските пазари.
Државниот долг на Македонија на крајот на четвртиот квартал достигна 3.262,5 милиони евра, додека јавниот долг се позиционираше на 3.921,3 милиони евра.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска ќе може поточно да ги дефинира границите на недвижностите, особено ако премерувањата се вршат со примена на ГПС технологијата.
Бројот на работници во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Создавање на бизнис средина за развој на претприемачи – вториот столб од Европската претприемачка стратегија 2020 е темата тркалезната маса која ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
Граѓаните и економските оператори може да ги плаќаат царинските давачки со картичките на маестро, мастеркард, виза електрон, виза, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.
Посебен курс за обука на превозниците ќе се формира во рамките на работничкиот универзитет Кузман Шапкарев.
Централниот депозитар за хартии од вредност на Македонија ја пушти во употреба новата веб страница, на која на прегледен и едноставен начин ги презентира информациите од работењето.
Индустриското производство во декември, во однос на истиот период претходната година, бележи раст од 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Земјоделците кои набавија системи капка-по-капка и успешно аплицираа за поддршка добија финансиска поддршка во износ од 50% од цената на набавените системи.
Доставувањето податоци за стаж и за плати на секој осигуреник, што како проект почна да се реализира од 15 јануари, е бенефит за работниците затоа што отсега тие навреме ќе имаат увид во стажот.
Во Македонија првпат ќе се додели награда за социјално претприемништво (Social Impact Award 2015), која претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студенти и млади.
Твининг проектот Помош на ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитацијата за мерката - Инвестиции во руралната инфраструктура започнува да се реализира од денеска.
Државата и годинава ќе додели шест милиони денари субвенции за граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори. Огласот го објави Министерството за економија, а граѓаните може да поднесат барање до 31 мај 2015 година.
Експертите од Европската комисија ја оценија состојбата околу подготовките на Царинската управа како многу успешна и на високо ниво.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до 30 јануари, во периодот од 9 до 17 часот, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје ќе организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на Град Скопје.
Економската состојба на деловните субјекти во декември минатата година, во однос на претходниот месец, од страна на раководителите е оценета како поповолна.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 708.535 МWh електрична енергија, 23.428 мил. nm3 природен гас, 502.542 тони јаглен и 79.437 тони нафтени продукти.
Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови.
Според извештајот на компанијата, во 2014 се случиле вкупно 21 несреќа (16 полесни, 5 посериозни и 0 фатални), во споредба со 60 несреќи од 2013.
Економски раст, социјален напредок и одговорно, одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина, се основните принципи на биоекономијата - нов стратегиски правец во современото земјоделство.
Жито Прилеп АД – Прилеп ја намали цената на интегралниот леб Интега за три денари, така што сега тој ќе чини 15 денари.











