Туристичката понуда на Македонија од денеска до 14-ти овој месец ќе се претстави на 32. Меѓународната туристичка берза Холидеј и Спа во Софија.
Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки.
За 100 државни деловни простории лоцирани во 19 градови низ Македонија, утре ќе биде објавен оглас за продажба по пат на електронско јавно наддавање. Објектите се со вкупна површина од 7.253 метри квадратни и почетна проценета вредност од над 300 милиони денари.
Како програма, Еразмус плус им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Традиционално, на 14 февруари Булеварот на книгите на Климент Охридски ќе биде отворен до полноќ, каде граѓаните ќе можат да купат голем број наслови од македонски и странски автори.
Сојузот на стопански комори денеска, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, организира конференција на тема Прекугранична соработка и претприемништво.
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година изнесува 1.556.320.000 денари, што претставува намалување за 26,9% во споредба со декември 2013 година.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија со седиште во Велес, Трајче Трајков истакна дека ова е можност компаниите од Велес да аплицираат за програмата ЕРАЗМУС +, во делот на практична работа, трансфер на знаења и вештини, како и имплементација на иновативни технологии.
Во периодот јули - декември минатата година се издадени 14 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1.688.518.000 денари.
Вкупните девизни резерви на крајот на јануари оваа година изнесуваат 2.483.700.000 евра, што претставува зголемување од 504.600.000 евра, во однос на истиот период минатата година.
Брендот за производство и продажба на мебел Технокооп, отсега се наоѓа на нова и подобрена локација, во населбата Пинтија.
Околу 1.400 компании во делот на производство, градежништво, услуги и трговија ги искористија средствата од Европската инвестициона банка (ЕИБ).
Граѓаните и инвеститорите од денеска можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект.
Во декември минатата година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 27,6% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Субвенциите за органско производство оваа година ќе бидат 50% повисоки од оние за конвенционалното, а не како досега само 30%, додека за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100%.
На 10 мај, очекувањата се дека Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 7.500 маратонци, со што би се надминал досегашниот рекорд на учесници на маратонската трка низ скопските улици.
Трговскиот дефицит во период од јануари до декември минатата година изнесува 2.342.884.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во јануари оваа година, во споредба со декември 2014 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе донира органска храна на детската градинка Чекорче во скопската населба Аеродром.
Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410.000 тони бакар.
Целта на посетата е да се разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот азиски пазар.
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе го означи почетокот на проектот Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници.
Задолжителна листа со телевизиските програми со уредени авторски права ќе мора да содржат претплатничките договори што ќе ги склучуваат кабелските оператори со корисниците.
Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства од Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2015 - 2016 година за реализација на програма (проект), во износ од 550.000 денари, што ќе го реализираат здруженијата на потрошувачите.