На средбата е договорено дека согласно календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември ќе се започне со исплата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година.
Мама'с производите се создадени од свеж зеленчук и затоа се погодни за вегани, вегетаријанци, но и сите љубители на убава и здрава храна.
Според најновите проекции на Народната банка на Република Македонија, растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 3,7%, за наредната 4,1%, а во 2016 година 4,5%.
Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица, а електронските јавни наддавања ќе се одржат на 3 декември годинава на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk.
Од утре, 15 ноември, почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. Обврската трае до 15 март следната година.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 04.12.2014 година.
Во Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, во организација на Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија, денес ќе се одржи Кариерен Експо 2014.
На овој саем учествуваат над 1.000 изложувачи од 20 земји од светот, а истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.
Оваа учебна година наставата по современ кинески јазик и култура ќе ја следат 14 ученици.
Очекувањата се дека со релизацијата на овие цели ќе се подобрат позитивните параметри во земјоделскиот сектор како што се зголеменото производство и извоз на земјоделските производи и зголемување на БДП во земјоделството.
Дводневна работилница за обновливи извори на енергија во рамките на проектот Кон Иднината – Студија за потенцијалот и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион.
Турската компанија Аселсан за 18 месеци треба да инсталира електронски систем за наплата на патна такса во државава и да ги модернизира патарините долж Коридорот 10.
Податоците за економската активност за вториот квартал ги потврдија очекувањата за солидно закрепнување на домашната економија, со реален раст на БДП од 4,3%.
Конференција на тема Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст од денеска до 15 ноември се одржува во Струга.
Владата на вчерашната седница донесе одлука да ги укине увозните давачки за индустриска пиперка, јавува Миа. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи до крајот на годинава.
Бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66.033, а бројот на ноќевањата изнесува 156.554, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри на Република Македонија средства во вкупен износ од 305 милиони евра.
Стопанската комора на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа денеска организираат семинар за најновите измени на Законот за заштита и безбедност при работа.
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1.430.755.000 денари што претставува зголемување за 7,8% во споредба со истиот период лани.
Во рамки на регионалниот проект за женско претприемништво, во Сараево од 09 до 11 ноември се одржа регионална стратешка конфереција и работилница на тема: Перспективите на женското претприемништво 2015 - 2020 година.
Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност.
Во септември оваа година се издадени 264 одобренија за градење, што е за 118,2% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2%, додека цените на мало се намалени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Преку програмата, наставниците се обучуваат да ги поддржат учениците при истражувањето на своите таленти и интереси, дефинирањето на своите аспирации и подобро да ги разбираат нивните вредности.