Намалена видливост поради магла има на Страцин-150м, Стража-50м,Маврово-20м, Пресека-50м.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2014 година, во споредба со јануари 2014 година, остана на исто ниво.
Андрија Секуловски е разрешен од функцијата претседател на Федерација на фармери на Република Македонија (ФФРМ).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 4.250.000.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2012 година, се повисоки за 1,4%.
Од први април почнува либерализацијата на пазарот за набавка на електрична енергија. Формирана е балансна група на компании кои потпишале договор со ЕДС и кој е доставен до Регулаторната комисија за енергетика.
Со цел да се препознаат и наградат достигнувањата на иновативните училишни лидери и наставници, од 11 до 14 март во Барселона ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Microsoft.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 106.4.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а на планините снег.
Врнежи од снег се бележат кон граничниот премин Деве Баир. Внимателно возење е потребно на патниот правец Куманово-село Страцин поради одрони на патот. Појава на магла со видливост од 70 до 100 метри има на планинскиот премин Стража.
Градежништвото минататата година оствари раст од 33% и имаше значајна улога во растот на економијата во целост. За годинава од Буџетот се предвидени 365 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти.
Заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска информираше дека рокот за доставување на елаборати за легализација на дивоградбите е пролонгиран за до крајот на 2015 година.
Македонија во јануари годинава извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9%, а трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари.
Министрите за информатичко општество и администрација и без ресор, Иво Ивановски и Веле Самак, денеска ќе го посетат кампусот на Google во Силиконската Долина.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Австрија, денеска организира македонско-австриски бизнис-форум. Целта е да се поттикне соработката меѓу австриските и македонските компании.
Попладне, почнувајќи од западние делови, облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во текот на ноќта.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурсот на компанијата Актор за вработување на 350 градежни работници за изградба на Коридорот 10 да се пријават на овој конкурс.
На Скопскиот саем од утре до 8 март ќе се одржи 11. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Во негови рамки ќе се одржи и 4. Саем на недвижнини и инвестиции – REALEXPO.
Целта е да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија и да почнат со работа во нашата земја, се вели во соопштение на Министерството за информатичко општество и администрација.
Туристичкиот потенцијал на Република Македонија беше успешно презентиран на саемот за туризам во Белград, Србија, кој се одржа во периодот од 27 февруари до 2 март оваа година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, стапката на слободните работни места изнесува 1,33%.
Во индустриската зона Макази во близина на Ресен започна изградбата на комплексот за складирање и преработка на јаболка, инвестиција на фирмата Аппле Ланд од Дубаи во износ од 5 милиони евра.
Министерството за финансии соопшти дека извршило исплата на вкупно 109,5 милиони денари или околу 1,78 милиони евра субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи.